
На првиот турнир во мал фудбал помеѓу музичари право на настап имаат: музичари, бендови, пејачи, текстописци, аранжери, продуценти, музички новинари, танчери и играорци.
„Целта на овој настан е пред сè, забавата и дружењето. Идејата ми дојде кога видов колку мои колеги музичари го сакаат, го следат и го играат фудбалот. Преку овој турнир ќе и покажеме на македонската јавност дека музичарите знаат да “танцуваат” со топката, не само со инструментите и микрофоните. На овој куп свое учество ќе земат најпопуларните бендови и пејачи од Македонија. Натпреварите ќе се играат според правилата на Фудбалската Федерација на Македонија. За првопласираните три екипи, ќе има специјални изненадувања и награди. Се надевам дека овој настан ќе прерасне во традиција“, вели виолонистот од група Маестро Илија Филиповски кој заедно со Трајче Толевски од Скопски Боеми се организатори на турнирот.
Музичкиот Куп 2016-та стартува на 7 март во Ѓорче Петров, а ждрепката за спортоско-музичкиот спектакл ќе се одржи на 4 март.
Екипите ќе бидат поделени во четири групи и ќе играат во систем секој со секого, а натпреварите ќе траат 2X20 минути.
За пропозициите на турнирот клик тука.