Во Атланта конечно се откри новиот стадион Mercedes-Benz Stadium - поголемиот од двата спортски проекти на милијардерот Артур Бланк. Таму играат фудбалскиот тим Атланта Јунајтед од MLS и Атланта Фалконс од NFL лигата којшто годинава загуби во неверојатниот Супербоул (28:3).
Главна особеност на овој „вселенски брод“ е што е способен брзо да се трансформира: на американски фудбал собира 71.000 гледачи, а на традиционалниот европски фудбал (американски сокер) горниот дел од трибините се затвора со механички завеси и капацитетот се намалува на 40.000 места.
Но Mercedes-Benz Stadium има цел комплет модерности кои го прават најмалку велелепен а максимално - најдобар стадион на светот.
Smart Chatbot
Опис на било кој нов стадион може да почне со информации за Wi-Fi. Така „вселенскиот брод“ во Атланта има: 1.800 пристапни точки за Wi-Fi (1.000 за гледачите на трибините, 800 во останатите простории вклучувајчи ги и кафе-баровите), со капацитет од 80 гигабита во секунда.
Ова е одличен показател колку тоа значи за еден стадион - на пример стадионот Levi’s Stadium во Сан Франциско кој во 2014-та стана револуционерен во технолошка смисла, има дури два пати помалку пристапи до Wi-Fi а снагата на сигналот е исто два пати помала.
На Mercedes-Benz Stadium така 70.000 гледачи може подеднакво брзо да праќаат фотографии и видеа, да ги гледаат најдобрите моменти и да споделуваат по социјалните мрежи.
Секако, стадионот има и мобилна апликација со која можете однапред да резервирате едно од 12.000 паркинг места - во случајов апликацијава ќе ви каже каде е подобро да паркирате поблиску до вашиот блок кај ќе седите.
Најдобар детал на Mercedes-Benz Stadium е чат-бот Ask Arthur, наречен така во чест на сопственикот на двата клуба. Ако навивачот се изгубил, нешто не разбира или сака да добие повеќе информации тој ќе пише на бот-апликацијата ќе постави прашање а ботот моментално ќе „копа“ по базата на податоци и ќе даде детален одговор.
„Артур ќе биде ваш помошник. Ние ги собравме сите основни прашања кои обично ги поставуваат луѓето на стадионот, ги внесовме во системот, го научивме ботот да ги препознава клучните зборови и по нив да одговара“, велат од администрацијата на стадионот.
Печатените влезници одат во историја
Американските клубови постепено се откажуваат од традиционалните билети - што беше дополнителен трошок за клупската каса и домашните принтери. Во Атланта ќе ги нема во целост.
Сега сезонската карта ќе работи врз основа на RFID - Radio-frequency identification (RFID), идентификација по пат на радио фреквенција, а поединечните влезници ќе може да се набават и до сега по пат на апликација и подоцна ги скенираат на врата.
Најголем екран во светот и повеќе од 2.000 мали екрани по цел стадион. Под покривот на стадионот е инсталиран огромен 360-степенест гало-екран којшто е видлив за навивачите од кое било место. Производителот Daktronics вели дека тоа е најголемиот екран на било кој спортски објект во светот. Неговата површина е околу 63.000 квадратни фути (околу 5.800 квадратни метри). Гигант во права смисла на зборот.
Луѓето од Mercedes-Benz Stadium велат во шега дека ако го подигнат екранот вертикално, тој би го покрил највисокот здание во цела Атланта - зградата на Bank of America.
По целиот стадион се распоредени околу 2.400 помали екрани така што гледачите не мора да се плашат дека ако отидат по кафе или пиво дека ќе пропуштат нешто. Постои дисплеј дури и кај тоалетите.
„Наш конкурент не е соседниот стадион туку оној кој дома има удобен дневен престој, телевизор и фрижидер во близина“, во шега вели Стив Кенон, раководител во управата на стадионот.
Стадионот нема никакви рекламни паноа
На стадионот може да се види само логотип Mercedes-Benz, којшто ги откупил правата за тоа до 2042 година. Сите останати компании не можат да купат само дигитален простор.
На стадионот нема ниту статични реклами, ниту стикери, ниту плакати. „Решивме да одиме дигитал сто проценти и нема да ставаме какви било банери на секој меч“, додаваат од управата.
Нестандарден кров
Уште една од особеностите на Mercedes-Benz Stadium е - нестандардниот кров. За такво нешто порано мечтаеа и MetLife Stadium и U.S. Bank Stadium, но од разни причини се откажуваа.
Но милијардерот Артур Бланк решил да го направи овој голем проект. Покривот е проект на компанијата 360 Architecture на кој сопственикот на Атланта добро им ставил до знаење дека сака да биде уникатен.
Тоа било сложена задача, а главниот архитект Бил Џонсон не сакал да направи нешто просечно. Неговата идеја била кровот да биде составен од 8 плочи со вкупна тежина од 4.000 тони за коешто било потребно моќно инженерско решение. Таквото решение го нашле со помош на програмите Grasshopper и Rhino: Секој од осумте сегменти се движи по своја траекторија со индивидуална брзина. „Фактот дека нашиот кров се движи е главна новина. Не ротира, туку сите се движат по јасна линија“, раскажува главниот проектант Џонсон.
Поради сложената монтажа на кровот, откритието на стадионот редовно се одложувало. Но сега сите може да здивнат: кровот е отворен и затворен 4 пати и се работи според очекувањата.
Место за прошетка
На Mercedes-Benz Stadium натпреварите може да ги пратите не само од трибини, туку и на мостовите коишто се построени околу гигантското окно со поглед на Атланта. Во време на пријателските натпревари навивачите специјално оваа зона и не се враќаат на своите места затоа што таа точка пружа најубав поглед.
Овој стадион не е исклучително за гледање фудбалски натпревари - има и огромна зона за разонода која што е како трговски центар. На пример има клуб 100 Yard Club – бар и ресторанска галерија која гледа на целиот терен.
На целиот стадион има 24 барови и ресторани без тука да се вбројат помалите пултови каде има хот-дог, помфрит, кока-кола, пиво итн.
Многу поевтина храна
Атланта неколку години ги студирала навивачите на двата фудбалски клуба и направиле најпогоден ценовник во бифеата. Маркетинг агенцијата која што го работела ова истражување за натпреварите од MLS и NFL сфатиле дека: семејство од четири члена лесно може да изеде и испие за 28 долари па дури и помалку.
Хот-дог, пуканки и газиран сок чинат по 2 долар, начос е 3 долари, пиво (на цела Арена има 1.264 места каде се точи) е 5 долари. Од управата на стадионот тврдат дека тоа е целата философија и дека никој нема намера да ги крене цените за навивачите да се чуствуваат комотно и на Mercedes-Benz Stadium да поминуваат што повеќе време.
На видеово може да видите што може да купите за 20 долари:
Psst... you can buy SIX slices of pizza and a drink with $20 at @MBStadium! pic.twitter.com/xiDHTieuFG
— Atlanta Falcons (@AtlantaFalcons) August 31, 2017
Грижа за животната средина
Mercedes-Benz Stadium е првиот стадион во историјата на NFL лигата кој добил сертификат LEED - највисок показател за енергоефективност и екологичност.
Арената има 4.000 сончеви панели благодарение на кои троши 29% помалку енергија од кој било друг американски стадион. Со сопствената заштедена енергија може да одиграат 9 меча американски фудбал или 13 стандарден европски фудбал.
На стадионот има и востановен систем за дождовна вода: 600.000 галони кои собираат 2.271.247 литри. Благодарение на тоа стадионот може да намали 47% од водата која се троши за одржување на тревникот.
Колку чини сево ова?
Крајната сума за изградба на стадионот со сите елементи изнесува - 1,6 милијарди долари. Најголем дел од оваа сума ја покриле инвеститорите, самиот газда на клубовите Артур Бланк и банките (заем). Уште 200 милиони долари вложила лигата (NFL) и уште 200 милиони долари дал градот Атланта.
На стадионот има и хотели во кои може да преноќите за пристојни цени.