Во историјата на скунерот, до понеделникот имаше само еден светски шампион од Кина. Потоа дојде, одигра и победи Ву Јизе, за сензација во театарот Крусибл во Шефилд.
Победата од 18-17 над Шон Марфи го направи 22-годишникот суперѕвезда во неговата родна земја, а хаштагот „Ву Јизе го освои Светското првенство“ доби 40 милиони прегледи на платформата за социјални медиуми Веибо, каде што беше на врвот на листата на трендовски теми оваа недела.
Бидејќи никогаш не добил натпревар претходно на Светското во Шефилд, Ву се искачи на врвот на своето трето патување во „духовниот дом“ на спортот, подвиг што претходно им успеал само легендарните Стив Дејвис и Жао.
Седумкратните шампиони Стивен Хендри и Рони О’Саливан прв пат ја почувствуваа светската титула, едниот на петтото, а другиот на деветтото учество. Другите повеќекратни шампиони, како Џон Хигинс и Марк Вилијамс, ги освоија своите први титули од четврта мајка.
Од освојувањето на националната младинска титула во 2018 година до освојувањето на Светското првенство на IBSF до 21 година истата година на 14-годишна возраст, на Ву му беа потребни три финалиња и 14 месеци за да го освои својот прв ранг-турнир, кога го победи Хигинс со 10-6 на Меѓународното првенство во Нанџинг минатиот ноември.
Сега, тој се искачи на четвртото место на ранг-листата и е првиот светски шампион роден во овој милениум.

СКРОМНИ ПОЧЕТОЦИ
Роден на 14 октомври 2003 година, во Ланжоу, Ву, како единец дете се заљубил во снукерот и покажал извонреден талент кога првпат земал стап в рака на 7 годишна возраст.
Неговиот татко, Ву Џиепин, си рекол: „ова е патот по кој можеме да одиме“ и само неколку минути откако го гледал својот син како игра снукер, решил да даде сè од себе за да му помогне да го оствари својот сон.
Една година подоцна, на кинески турнир со 8 топки во Гансу, Ву Јизе бил поканет да се фотографира со Хендри. Охрабрени од шкотската легенда, Ву Џиепин и Ву Јизе биле уште порешителни да продолжат да го следат патот на снукерот.
За да му помогне на својот син, Ву ја затворил антикварницата што ја водел многу години и така почнале да патуваат низ цела земја бркајќи го сонот, до тој степен што сите нивни семејни заштеди биле потрошени.
Кога имал 11 години, Ву пристигнал во Фошан со својот татко за да тренира со австралискиот тренер Роџер Лејтон. За неколку недели речиси го дуплирал својот највисок брејк од 49 на 89, но сепак загубил против Чанг Бингју.
„Не беше тогаш среќен и ми рече: Не е добро затоа што Рони О’Саливан ќе се снајдеше. Тоа беше неговиот менталитет на 11 години“, вели Лејтон.

СЛЕДНИ ЧЕКОРИ
Само две години подоцна, татко му решил да го продаде станот во Ланжоу и сите приходи да ги инвестира за да го испрати својот син во Академијата за снукер „Динг Џунхуи“ во Донггуан.
Оттаму, се преселиле во Шефилд кога Ву имал 16 години, и бидејќи биле кнап со пари, првите две години морале да делат мала соба без прозорци и да спијат на ист кревет. Ву сениор работел повеќе работи за да заработи за живот.
По победата во четвртфиналето над Хосеин Вафаеи, Ву рече дека имал тежок период првата година кога пристигнал во Англија и призна дека го пукало носталгија и имал финансиски тешкотии.
„На почетокот, немаше многу парични награди. Имаше голем притисок, а исто така имаше многу за мене да се подобрам во однос на мојата игра“, рече Ву.
Додека татко му се борел заедно со него во Шефилд, неговата мајка се грижела за сè друго дома за да може Ву Јизе да се фокусира на тренинзите.
Оваа година мајка му го гледа само втор пат како игра во Велика Британија. За време на прес-конференцијата по натпреварот, Ву откри дека таа поминала многу време во болница додека биле во Шефилд, но дека сега е подобра.

ЖРТВИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО
Со сензацијата во финалето во „духовниот дом“ на спортот, 22-годишникот стана суперѕвезда, но големо внимание во неговиот светски успех предизвика улогата на неговите родители.
Откако стана втор најмлад светски шампион, Ву го истакна влијанието што неговите родители го имале врз неговата кариера.
„Моите родители се вистински шампиони. Откако донесов одлука да го напуштам училиштето, татко ми беше покрај мене. Мајка ми исто така помина низ многу тешки периоди. Тие се изворот на мојата сила. Ги сакам многу.
Ова е втор пат таа да ме посети во Велика Британија. Мислам дека во иднина ќе ја земам повеќе за да биде покрај мене. Таа жртвуваше сè за мене. Во тоа време, ми рече да не се враќам дома и дека може да се справи со сè.
Освојувањето на Светското на Ву му донесе 500.000 фунти, а во текот на цела сезона стигна до заработка од 860.000 фунти. Ова е исто така прв пат двајца кинески играчи да бидат меѓу првите пет на светската ранг-листа. Другиот е Жао и е трет во светот.

НОВ ШАМПИОН
Само тројца кинески играчи некогаш стигнале до финалето на Крусибл, а и Жао и Динг му честитаа на Ву за неговиот успех. Сепак, можеби пионерката Динг се изрази најдобро.
„Среќен сум за тебе, а исто така сум горд на тоа колку далеку стигна кинескиот снукер“, напиша 39-годишникот на Weibo.
„Од Жао Синтонг до Ву Јизе, две последователни години, кинеските играчи стоеја на врвот на подиумот на Светските првенства. Ова не е само пробив, туку и наша златна ера“.
Здружението на билијардисти од Донггуан, каде што Ву тренираше во 2019 година и кое помогна во развивањето на врвни кинески играчи, вклучувајќи го и Динг, исто така испрати честитки.
„Вашиот раст од млад сонувач до светски шампион е доказ за енергичниот подем на новата генерација на кинески снукер сили“, напиша здружението.
Официјалниот весник на Комунистичката партија, „Народен дневен весник“, исто така му честиташе на Ву.