Полските ултраси се луди и по мото трки

Сме пишувале за навивачки групи кои одат на спортови како одбојка, ватерполо, па дури и за инциденти на кошаркарски натпревар за инвалиди, но не сме ни помислиле дека ултра групи толку масовно навиваат со кореографии и пиротехника на спидвеј трки со мотори.

Спидвеј трките се кружни трки на мотори кои користат само една брзина и немаат кочници. Во некои земји во Европа како Велика Британија, Шведска и Данска се одржуваат шампионати кои траат цела сезона, но популарноста на овој спорт е најголема во Полска.

Полската спидвеј лига има најголема просечна посетеност од сите спортови во оваа земја, а овој спорт е толку популарен што клубовите имаат и свои масовни организирани навивачки групи.

На секоја трка навивачките групи ги поддржуваат своите екипи со пиротехника, кореографии и масовност за каква што можат да сонуваат многу навивачки групи на фудбалски натпревари. Во 2011-та година по судир помеѓу две групи загина еден, а беа повредени уште неколку десетици навивачи и полицајци.

7 февруари 2013 - 13:43