Новиот европски шампион Алваро Мартин до златото стигна на трката во брзо одење на 20 километри кои ги поминал за 1 час, 17 минути и 32 секунди што е најдобар светски резултат сезонава!
Второто место и сребрен медал му припаднаа на Швеѓанецот Персеус Карлстрем кој ја поминал целта седум секунди по Шпанецот Мартин, а бронзата му припадна на бразилскиот атлетичар Каио Бонфим кој поминал 20 км во брзо одење за 1:17.47.
Ова е првата дисциплина во која се доделени медалите на овогодинешното Светско првенство кое се отвори денес и ќе трае до 27 август.
Manos arriba, esto es un campeón del mundo. La prensa recibiendo a @Alvaroatletismo en zona mixta.
— CORREDOR\ (@soycorredor_es) August 19, 2023
🙌🏽🙌🏽🙌🏽 #CORREDOR\ #Budapest2023 pic.twitter.com/WV9JJhsrCj
Почнува Светско првенство во атлетика - што ќе биде интересно да се гледа?