Да се биде професионален спортист пред неколку децении значеше да се има доволно пари во банка на крајот од кариерата, за да може да се отвори паб во кој ќе се поминува пензионерското време. Денес, тој паб чини колку и еден шампањ на приватна јахта, а повлекувањето од спортот се заменува со нови бизнис кариери.
Еве ги заработките на најбогатите спортисти во 2015. година и како тие ги трошат своите пари:
Флојд МејведерКога Мејведер боксуваше со Мани Пакијао на 2. мај годинава, не се сруши само рекордот во паричен износ за еден боксерски меч, туку борецот од Лас Вегас го сруши и рекордот на заработка во една година. Претходниот рекорд го држеше Тајгер Вудс во 2008. година.
Заработката од 300 милиони долари (само годинава), ќе му помогне на Мејведер да го продолжи лагодниот живот, во кој без никаква тајна поседува колекција часовници во вредност од 6,4 милиони долари, како и Бугати Вејрон вреден 1 милион долари. Заработката ќе му помогне и полесно да се пензионира со учинокот од 48 победи и ниту еден пораз.
Мани Пакијао
Противникот на Мејведер во најголемиот бокс меч за 2015-та заработи 125 милиони долари од една вечер со што се искачи на врвот на оваа листа. Пакијао никогаш не заработил повеќе од 23 милиони долари во претходните борби.
Филипинецот живее во куќа со двор голем 10.000 квадратни метри во Беверли Хилс, за која плаќа кирија во износ од четири влезници за дуелот со Мејведер. „Пакман“ отворил и голема фитнес сала на Филипините која го носи неговото име. За мечот со Мејведер купил 900 карти за роднините и пријателите во вредност од 3 милиони фунти.
Кристијано Роналдо
Уште како тинејџер, на млади години Португалецот заработувал многу од фудбалот. Сега на 30 години, Роналдо е моќна фигура во светот на спортот која годинава треба да заработи околу 79,6 милиони долари, од кои 52,6 милиони само од фудбалот а 27 милиони од спонзорските договори.
Неговиот договор со Најк тежи 8 милиони долари, а Роналдо е уште и заштитно лице на Хербалајф, Кастрол и Комани. Покрај вилата од 7 милиони долари во Мадрид, Роналдо поседува и Ламборџини Авентадор вредно 300.000 долари.
Лионел Меси
Аргентинецот е рекордер по заработка во историјата на Барселона. Зголемувањето на платата во 2014. година значеше дека Меси за неговите трикови и магии ќе добива дополнителни 9 милиони долари или околу 51,8 милиони годишно. Сепак, и покрај тоа што е на врвот заедно со Роналдо, Меси сè уште заостанува по заработка зад Португалецот.
Поради приватноста, Меси ретко зборувал за тоа на што ги троши парите. Поседува куќа на периферијата на Барселона, како и приватен џет-сет авион.
Роже Федерер
Швајцарецот можеби е број два на АТП ранг листата зад Новак Ѓоковиќ, но 33-годишниот Роже Федерер и натаму е тенисерот со најголема заработка во историјата. 17-кратниот Грен слем освојувач во кариерата заработил близу 90 милиони долари, но годишно зема речиси 58 милиони долари од спонзорите.
Како скромен и морално чист спортист Федерер успеа да добие договори од мега-брендовите како Најк, Ролекс и Кредит Свис. И покрај тоа, Федерер не крие дека сака да потроши пара, пред сè на гардероба од Прада или Долче&Габана. Најголем дел од парите (околу 150.000 долари годишно), Федерер трошел на средување на неговите тениски рекети.
Леброн Џејмс
Никогаш немало тајни во врска со заработката на ЛеБрон Џејмс во Кливленд Кавалирс. Но и ако имало, тој потврди дека ги заслужува со своите партии во Плејофот 2015 против Голден Стејт. Џејмс за себе изјави дека е „најдобриот играч на светот“ и само малку има што не би го потврдиле тоа.
Неговата заработка во 2015. година би требало да биде 64,8 милиони долари со што би се искачил на вкупна заработка во кариерата од 425 милиони долари. Неговата куќа во Кливленд вреди 9,2 милиони евра, има 30.000 метри квадратни и тој изјави дека не се грижи за парите затоа што во Коконат Грув во Мајами ја продаде вилата за 15 милиони долари.
Малкумина знаат дека Леброн потрошил 300.000 долари за прстенот со кој ја запросил неговата девојка Савана Бринсон.
Кевин Дурант
На 26 години, Дурант стана најмладиот кошаркар што потпишал со Најк за 300 милиони долари. Годишно, „Дурантула“ од спонзорите заработува речиси двојно повеќе отколку што зема од Оклахома Тандер која ќе му исплати 54,2 милиони долари во 2015-та.
Тајгер Вудс
Во 2009. година стана првиот спортист кој направил милијарда. На 19 години заработи повеќе од 1,3 милијарди долари како професионален голфер. Годинава би требал да заработи околу 50,6 милиони долари кои ќе му дојдат од спонзорските договори со Hero MotoCorp (најголема фабрика за мотоцикли) и Најк.