Флојд Мејведер, кој не престанува да се прчи со милионите, смисли нов начин како да ја потсети јавноста дека прекарот му е Пари.
За мечот на векот против Мани Пакијао кој се договараше 6 години и кој ќе се одржи на 2 мај, тој во уста ќе има заштитна гума вредна 25.000 долари.
Флојд оваа сума на пари ќе му ја плати на доктор Ли Гаус од Њујорк, а тој ќе му изработи гума со злато, дијаманти, а за да не фали најважното, ќе нареди и банкноти од 100 долари.
За најскапата борба вредна 400 милиони долари, Пари ќе инкасира рекордни 150 милиони долари, сума која до сега не ја заработил ниту еден спортист во светот за една година.