Ландо Норис победи во Австралија на старт на сезоната во Формула 1

На трката за Големата награда на Австралија на која имаше буквално се, после два часа хаос во Мелбурн, возачот на Мекларен Ландо Норис ја забележа првата победа на првата трка во Ф1 во 2025.

Epa images
Epa images
Epa images

Ландо Норис триумфираше пред Макс Ферстапен и Џорџ Расел кои завршија втор и трет на подиумот. После нив целта ја минаа Кими Антонели, Албон Строл, Хулкенберг, Леклер, Оскар Пијастри и Луис Хамилтон кој на дебито во своето Ферари го затвори кругот на Топ10.

Трката неславно ја завршија младите Лосон, Бортолети, ветеранот Алонсо, Сајнц, Дуан и Хаџар.

На самиот старт на трката дебитантот во Формула1, Исак Хаџар со задниот крај од болидот удри во ѕид, остана без крило и расплакан ја напушти патеката. После оваа епизода слеудваше пауза од 15 минути и нов круг за загревање.

Пред новиот хаос на стартот на вториот круг Макс Ферстапен најдобро се снајде и го прејде Оскар Пијастри па беше втор на патеката, зад Ландо Норис кој беше прволасиран.

Во 17-от круг од трката Макс Ферстапен се излизга и излета од патеката но набрзо се врати. Тој момент го искористи Ландо Норис кој стана втор, зад својот клупски колега. 

До крајот имаше уште неколку смени на речиси сите места на трката а најнезадволни се во Ферари каде и покрај најавите за победнички почеток на сезоната, Хамилтон заврши на 10. место и освои само 1 бод.

На крај Ландо Норис заслужено е победник на првата трка во сезоната, за ГН на Мелбурн.

 

16 март 2025 - 08:15