Цел свет му честиташе на Ѓоковиќ, само Федерер уште не

Швајцарецот кој со Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал важат за тројцата најдобри и најтрофејни тенисери на сите времиња, сè уште не се огласи по повод рекордната 23-та Гренд слем титула на Србинот. Роџер беше често активен на социјалните мрежи, но овојпат сè уште го нема на темата Ролан Гарос. За потсетување, Рафаел Надал прв јавно му изрази честитки на Новак и испадна голем џентлмен како и многу пати досега низ кариерата.

Последната објава на Твитер и на Инстаграм на Роџер Федерер е една реклама за апликација за возење. Во 2020-та година кога Рафаел Надал го совлада Новак Ѓоковиќ во големото финале, швајцарскиот тенисер прати голема честитка за Шпанецот.

„Отсекогаш сум имал само најголема почит за мојот пријател Рафа како личност и како шампион. Како мој најголем ривал низ многу години, верувам дека еден друг се натеравме да бидеме подобри тенисери. Затоа ми е голема чест да му го честитам 20-от Гренд Слем. Тоа е посебно неверојатно затоа што сега трофејот од Ролан Гарос го освои 13 пати, што е едно од најголемите достигнувања во спортот. Му честитам и на неговиот тим, затоа што вакво нешто никој не може да постигне сам. Се надевам дека 20. трофеј ќе биде само уште еден чекор во продолжение на патот за двајцата. Секоја чест Рафа, заслужи“, егзалтирано напиша Федерер тогаш.

По Ролан Гарос 2023, Новак Ѓоковиќ има 23 Гренд слем трофеи, Рафаел Надал 22 а Роџер Федерер кој и официјално се пензионираше, има 20. 

************************************************************************

Историјата е испишана: Новак Ѓоковиќ освои Ролан Гарос и стигна до 23. Гренд слем

Витешки, Надал прв му честиташе на Ѓоковиќ

Победничкиот поен за историја на Новак

Како изгледаа сите 23 Гренд слемови на Ноле?

13 јуни 2023 - 10:42