Голем ден за светскиот тенис. Новак Ѓоковиќ ја оствари зацртаната цел и влезе во историјата како рекордер со 23 пехари од најголемите тениски турнири пред Рафаел Надал кој има 22 и Роџер Федерер кој стигна до 20 освоени пехари.
Ова е трет триумф на Ролан Гарос за српскиот тенисер кој стана воедно и првиот во историјата со макар три титули на секој од четирите најголеми Гренд Слем турнири.
Новак се враќа и на чело на АТП листата и од понеделник повторно ќе биде прв со 388-ма недела како лидер на светската тениска турнеја.
Ова е 21-ва последователна Гренд Слем победа на Ѓоковиќ кој има по седум по ред на Вимблдон, во Мелбурн и сега во Париз каде се собра светскиот спортски крем.
Интересно Ѓоковиќ и врвниот талент Каспер Руд играа по петти пат а Новак ја оствари петтата победа додека Норвежанецот не освои ниту еден сет досега против Новак иако пружи голем отпор.
🗣️
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 11, 2023
IDEMO x 23 #RolandGarros pic.twitter.com/DnLmesOjZq
A Parisian trio 🏆🏆🏆#RolandGarros | @DjokerNole pic.twitter.com/GNG2f7Gujz
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 11, 2023
A fortnight to remember for @CasperRuud98 #RolandGarros pic.twitter.com/5qWmk7QY0k
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 11, 2023
Иако мечот на „Филип Шатрие“ пред преполни трибини не тргна идеално по Ѓоковиќ затоа што неверојатниот Каспер Руд ги повтори оние невозможно поени од полуфиналето со Зверев кога практично го збриша противникот.
Новак мораше да најде рецепт за разгоропадениот Руд. Во тоа му помогна сигурниот свој сервис преку кој ги смири страстите од почетокот и фати свој ритам.
Првиот сет се играше до тај-брејк кога Новак рутински покажа дека оние 34 Гренд Слем финалиња се непроценливо богатство.
Со 7:1 го доби Ѓоковиќ тај-брејкот и го освои првиот сет. Оттогаш натаму играше своја игра и растеретен психолошки го намали и бројот на неизнудени грешки.
После силна борба во вториот сет, Руд пружи голем отпор и се покажа како тврд орев, но Ѓоковиќ успеа со својот одличен сервис да ја реши судбината и на овој сет. 6:3 и комфорно водство од 2-0 кое ја подотвори вратата на вечноста.
Стартот на третиот сет беше идентична претходница на првите два, немаше ниту еден брејк па се чекаше дури до 11-от гем кога Новак направи брејк и со една рака го допре пехарот наменет за победникот.
Конечни 7:5 во третиот сет и крај со 3:0 за Новак Ѓоковиќ кој со своето најблиско семејство, роднините и пријателите во прегратка ја прослави рекордната 23-та Гренд слем титула!
Sonuna kadar hak etti! #Djokovic pic.twitter.com/GQzJ035YAr
— Maho Ağa ⚡️ (@mahoagamioldum) June 11, 2023
Falling in love in Paris 😘#RolandGarros pic.twitter.com/yfK23yY9eC
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 11, 2023
Честитки Новак доби и од Надал кој на Твитер му изрази голема почит за сето она што го направи.
Many congrats on this amazing achievement @DjokerNole
— Rafa Nadal (@RafaelNadal) June 11, 2023
23 is a number that just a few years back was imposible to think about, and you made it!
Enjoy it with your family and team! 👏🏻
Во женскиот дел од турнирот, титулата ја освои најдобрата тенисерка на светот во моментов, Ига Швјонтек (22) од Полска. Швјонтек ја одбрани титулата освоена лани на Ролан Гарос, а овојпат беше подобра од Каролина Мухова (26) од Чешка со 6-3, 6-7, 6-4.
Овој меч изобилуваше со пресврти и траеше два часа и 49 минути. Интересно, овие две тенисерки претходно се сретнале само еднаш и тоа во 2019-та во Прага кога победила домашната тенисерка Мухова со 2-1 во сетови.
Ига Швјонтек докажа дека е непобедлива на земја подлога, ова е трета титула за неа на Ролан Гарос по оние во 2020 и 2022. Таа воедно стана и прва тенисерка после цели 16 години која што ја одбранила титулата освоена во Париз. Претходно тоа и успеа на Белгијката Жастин Енан во 2007-ма. Швјонтек сега има вкупно 4 Гренд Слем титули од кои дури три на Ролан Гарос.
Во саботата 15-годишната Русинка Алина Корнеева го освои јуниорскиот Ролан Гарос откако во финале ја совладала Перуанката Лучана Перез Аларкон со 7:6, 6:3.