Витешки, Надал прв му честиташе на Ѓоковиќ

Величествениот Рафаел Надал, еден од најголемите спортисти од кога е светот и векот, веднаш по крајот на големото финале на Ролан Гарос, меѓу првите му честиташе на неговиот најголем ривал и добар пријател Новак Ѓоковиќ кој го надмина по бројот на освоени Гренд слем трофеи и сега има 23 пред Шпанецот кој има 22.

„Многу честитки за оствареното, Новак! Да се освојат 23. Грен Слем титули е нешто што до пред неколку години не можевме ниту да го замислиме, а ти сега го направи. Уживај во успехот со своето семејство и тимот“, му напиша Рафаел Надал на Твитер на Новак и потврди дека е класа.

11 јуни 2023 - 19:03