Боксерот Медвејдер кој е убедливо најскапо платен спортист во Соединетите Американски држави е познат по тоа што сака да се прчи со парите на интернет и затоа си го доби прекарот „Пари".
Само во 2011 година тој заработи фантастични 85 милиони долари, дури 25 повеќе од второпласираниот најплатен спортист во САД, а по се изгледа од што е многу јак, не се плаши да си го покаже она што ќе го заработи од борбите во рингот.
Најновата тајна која му ја откри на новинар од „ESPN" е дека има само една банкарска сметка на која чува 123 милиони долари. Најголемата пасија на американскиот боксер му е кладењето каде не штеди пари и вложува по 1 милион долари на еден тикет, а од нив лани заработи 4,3 милиони долари.
„Пари" на последното НБА финале се обложи со дури 6 милиони долари за победа на „жешките", кешот на интернет го објавува заедно со славниот рапер 50 Сент, а ја покажа и милионската колекција со скапи часовници.
Неговата сметка овој месец се очекува драстично да порасне затоа што го чека битка против Канело Алварез од која ќе заработи "скромни" 41,5 милиони долари.