19-годишник е лидер во Формула 1 на стартот, може ли да стигне до историска титула?

Младиот италијански возач Андреа Кими Антонели е лидер во новата сезона на Ф1. Поради непредвидливата пауза во календарот во кој поради воениот напад на Израел и САД врз Иран мораше да се одложат неколку трки, пилотот на Мерцедес ќе остане прв најмалку еден месец. Доволно да сонува сензација.

На д три извозени трки во новата сезона, во Австралија, Кина и во Јапонија, Кими Антонели извозе маестрално, осви две први места, едно второ, собра вкупно 72 бода и е лидер. Зад него е неговиот клупски колега Џорџ Расел со 63 бода, Шарл Леклер со 43 бода, Луис Хамилтон со 41 бод, и Ландо Норис со 25 бода.

Кими Антонели сега е најмладиот лидер на Формула 1 во историјата со 19 години, 7 месеци и 4 дена, го урна рекордот на Луис Хамилтон кој беше три години постар (22 години, 4 месеци и 6 дена) кога за првпат застана на прво место во генералниот пласман во патувачкиот циркус.

Антонели (19) е и најмлад владетел на пол-позиција (19 години, 6 месеци и 18 дена), најмлад автор на хет-трик (пол-позиција, најбрз круг во трка и победа на 19 години, 6 месеци и 18 дена) и втор по младост на вечната листа (Макс Ферстапен на 18-години забележа триумф на една трка во Ф1).

Италијанецот кој вози сјајно во својот болид на Мерцедес урна 5 рекорди кои беа во сопственост на Луис Хамилтон, Себастијан Фетел и Макс Ферстапен.

Рекорди кои би можел да ги достигне па и урне се: најмлад шампион во историјата на Формула 1 - Себастијан Фетел на 23 години, 4 месеци и 11 дена и најмлад сопственик на Гренд Слем признание: доминација во освоена пол позиција, најбрз круг, водство во секој поединечен круг и победник на трка во еден виикенд.

БОРБА ЗА ТИТУЛА ВО САМО ВТОРА ГОДИНА ВО Ф1 Е РЕДОК СЛУЧАЈ ВО Ф1

За последните десетина години само двајца пилоти се бореле за шампионска титула уште во втората сезона откако влегле во Формаул1 и двајцата успешно: Жак Вилнев во 1997-ма и Луис Хамилтон во 2008-ма. Но нивните истории не може да се споредат со тоа што се случува сега.

И обајцата претендуваа на шампионскиот пехар и до последните трки во дебитантските сезони и во Ф1 влегоа каде-каде многу поспремни од сегашните клинци. Канаѓанецот Жак Вилнев ситгна во Европа на 24 години после титулата во Индикар во САД и триумфите на „500 милји Индијанаполис“.

Хамилтон дебитираше на 22 години после шампионските титули во младински серии и после 8.000 километри извозени за тестови на болиди во Ф1.

Тоа доволно зборува колку ситуацијата на Кими Антонели е уникатна. Времињата на неограничени тестирања во Ф1 се далеку позади и во 2024-та година Италијанецот можел да се задоволни со само неколку влеза во болидот на Мерцедес и пар тренинзи со него од кои во првиот се забил во заштитните гуми.

Кими Антонели веќе испишува историја но секој следен чекор ќе му биде поголем и секако потежок.

7 април 2026 - 10:05