Ракомет

Лекиќ: Јованка е македонска снаа, нема мрдање од Вардар

Најдобрата ракометарка во светот живее во Тафталиџе, ужива во чаша црвено вино и сè уште е под импресии што ракометот е национален спорт број 1 во Македонија. За нејзината колешка вели дека е партибрејкер која прва си легнува во кревет во 10-та минута од филмот. 

Гонзалез: Новата сала ни создава возбуда и притисок

Ракометарите на Вардар во сабота против Чеховски Медведи ќе отворат ново поглавје во „Јане Сандански“. Тимур Дибиров посакува тоа да стане неосвоива тврдина.

Металург со пораз ја почна европската одисеја

Актуелниот македонски шампион не успеа да го повтори ланскиот подвиг против силниот ПСЖ кој беше подобар противник и заслужено стигна до победа во првото коло од ракометната Лига на шампиони.

Вардар триумфално во Целје за прва победа во ЛШ

Потешко од очекувањата ,„црвено-црните“ со гостинска победа против Целје ПЛ ја отворија новата сезона од Лигата на шампионите. Арпад Штербик со 21 одбрана е најзаслужен за триумфот на нашиот вицепрвак.

Емисија за Металург во ЛШ

ЕХФ во првото коло за дерби меч ја прогласи пресметката помеѓу Металург и ПСЖ кои се среќаваат в недела во салата „Борис Трајковски“. За амбициите, шансите и прогнозите на клубот од Автокоманда во новата сезона, зборуваат Лино Червар и неговите пулени.

Червар: ПСЖ е најсилната екипа во светот

Македонскиот ракометен шампион ја стартува новата европска одисеја во најсилното клупско ракометно натпреварување. Моќните парижани кои го имаат најголемиот буџет во Лигата на шампионите минатата година не поминаа добро во „Борис Трајковски“.

Ракометарките на Малдиви загубија 79:0 на Азиските игри

По најголемиот број натпреварувачи во историјата на Малдиви на Азиските Игри, ракометарките на оваа земја имаа неславно деби и загубија со највисоки 79:0 од Јапонија.

Загревање со Вардар и Металург

Ракометната сезона 2014/2015 во Лигата на шампионите е на прагот. Актуелниот македонски шампион Металруг на 28 септември во „Борис Трајковски“ го пречекува ПСЖ, а Вардарци на 12 октомври против Рајн Некар-Левен ќе ја сефтосаат новата сала „Јане Сандански“. ЕХФ со кратки видеа не потсеќа на ланските возбудувања.

Валенсија – Малага на Спортклуб 3

Како за петок, спортската понуда на тв воопшто не е лоша. Ви нудиме четири првенствени фудбалски натпревари и мечеви од Грен слем турнирот во Њујорк.

Македонија во балканска група на ракометниот Мундијал

Македонската ракометна репрезентација ги избегна непосакуваната Германија и останатите големи ракометни велесили на СП Катар 2015 и ќе биде дел од групата Б заедно со Хрватска и БиХ.

Вардар против Веспрем, Металург на мегдан со Кил и ПСЖ

На денешната ждрепка во Виена, македонските претставници ги добија противниците за новата сезона во ракометната Лига на шампиони. И двете екипи добија по една екипа која изминатава сезона се пласираше во фајнлфор.

Потоп над Грција пред патот за Катар

Македонската ракометна репрезентација ја прегази Грција во реванш пресметката од баражот за Светското првенство кое се игра наредната година. Со убедлив триумф од 12 голови разлика, избраниците на Ивица Обрван приредија ракометно шоу во преполнетата сала „Борис Трајковски“.

Македонија ја освои Атина

Македонската ракометна селекција ја доби првата меч топка против Грција во бараж мечот за Светското првенство во Катар 2015. Избраниците на Ивица Обрван не блеснаа на гостувањето кај нашиот јужен сосед, но успеаа да ја оправдаат фаворитската улога.

Фленсбург ја покори Европа

Ракометарите на Фленсбург ја добија германската војна против фаворитот Кил и направија изненадување во ракометната Лига на шампиони. Со извонреден пресврт во второ полувреме успеаа да стигнат до првата европска круна, вкупно 19-та за екипите од Бундеслигата.

Лазаров остана без финале

Фленсбург и Кил се новите два финалисти во завршниот фајнлфор турнир во Келн. Во драматична завршница германскиот состав успеа да ја анулира предноста на Барселона од 6 гола и дури по пенал серијата стигна до финалето од Лигата на шампионите.

Обрван го објави списокот за дуелот со Грција

Ивица Обрван, селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, го објави поширокиот список на играчи за престојниот двомеч со Грција.

Ѓер шампион, ЖРК Вардар трет во Европа

Првиот фајнлфор во ракометната Лига на шампионки мина во знакот на унгарскиот претставник кој со триумф над Будуќност од 27:21 ја одбрани титулата во најеминентното клупско европско натпреварување. Македонскиот шампион со бронзен медал го оствари најголемиот успех во својата историја.

ЖРК Вардар не успеа до историско финале

Женскиот ракометен шампион беше блиску, но не успеа да направи сензација во Фанјлфорот од Лигата на шампионите. Во голема и неизвесна битка Вардар со одлична игра во второто полувреме се избори за продолженија во кои на крајот се радуваше Будуќност.

Самсоненко: Господ ќе им врати

Сопственикот на РК Вардар жестоко го критикуваше судењето од реванш четвртфиналната средба против Фленсбург и најави формирање на независна комисија која би работела во корист на клубовите и федерациите.

Видео од сите криминални одлуки на судиите на Вардар - Фленсбург

Одлуките на судиите во четвртина-финалето од Лигата на шампиони беа криминални, обвини раководстовото на РК Вардар на прес-конференцијата пред дербито со Металург. Ова е видеото со сите грешки што беа направени од шпанскиот судиски пар Лопез - Рамирез.

ЖРК Вардар се остри за Будимпешта

Изминатиов викенд помина во знакот на Вардар и Металург кои за жал не успеаа да ги минат силните германски пречки за сензационален Фајнлфор. Но таму е нашата најсилна женска ракометна екипа која мотивирано влегува во завршната европска битка која стартува на 3 мај. Да ги поддржиме.

Заврши одисејата на Металург

Македонскиот вицешампион уште еднаш ја почувствува моќта на Бундеслигашот кој и покрај огромната предност од 10 поени разлика од првиот дуел, повторно беше немилосрден на веќе обезбедениот пат до Келн.