Ракомет

Ракометни совети на српско англиски јазик во Саудиска Арабија

Бошко Јоловиќ од Србија беше тренер во младинските категории во Саудиска Арабија и ништо повеќе од тоа нема потреба да знаете за него, туку треба само да го слушате. Он е толку јак стратег за ракомет што објаснува и како Џордан ја протнувал низ нозе.

Кире не ги ферма годините и игра во топ форма

Некој знаеше да каже: Што па од Барселона замина во Нант? Одговорот е прост: За да гази и таму и да и покаже на француската публика што знае старата незаменлива искусна македонска коска. Без него топки што ќе беа први.

Во пресрет на големото езерско дерби Охрид - Струга

Додека трибините на најголемите скопски сали дремат празни за време на регионалната Сеха лига, во внатрешноста од земјава народот покажува дека ракометот е спорт број 1 во Македонија.

Мајсторијата на Тимур Дибиров - втор најубав гол на колото

Вардар го доживеа првиот пораз после 4 победи на 4 натпревари во Лига на шампиони но и во поразот имаше нешто светло - како на пример чудесниот гол на Русинот кој од невозможна позиција му ја протна кроз нозе на голманот на Кјелце.

Циндриќ ги покори своите, Вардар ја изгуби војната во Кјелце

По фантастични четири победи на четири меча, ракометарите на Вардар го претрпеа првиот пораз во групната фаза од Лига на шампиони: Кјелце - Вардар 31:27 (16:15).

Продолжува агонијата на Металург

Ракометарите на Металург не успеаа да се опорават од лошата серија ниту во петтото коло од Лигата на шампионите. Најновиот пораз го претрпеа од Чеховски Медведи.

За првиот Германец кој ќе заигра во Јане Сандански

РК Вардар не планира да има епизодна улога сезонава во Лигата на шампионите. Тргна фуриозно со 4 од 4, а од шестото коло ќе нападне со уште посилна бековска линија. Купија двометраш од Бундеслигата.

Парондо: Јас и Раул 80-90% ракометот го сфаќаме исто

Дали управата на РК Вардар доволно го засили ростерот на тимот кој го напуштија важни имиња, ќе видиме според резултатите во мај. Ама за тренерската смена не може да им се замери, бидејќи се решија за еден сличен Раул Гонзалес.

Не е до судиите, Вардар и сезонава е многу јак

Гостинскиот триумф над Веспрем и домашниот против Рајн Некар се доказ плус дека и покрај продажбата на важни имиња, Вардар годинава повторно сериозно ќе гризе за високи дострели. Гигантите го потценија па сега плачат за судењето.

Неславна екскурзија за Металург во Данска, пораз од 8 гола разлика

Четврти меч - четврти пораз за момците на Данило Брестовац во Лигата на шампионите. Силкеборг - Металург 33-25 (16-14). Шанса за први бодови ќе се бара во следното коло против Чеховски медведи.

Нема лабаво со Вардар, го сруши и Рајн Некар

Тој што мисли дека Вардар сезонава е послаб и почнува некоја си нова ера, гадно се заебал. Вардаровата машинерија го сомеле и силниот бундеслигаш со кој денеска го играа мечот на колото во ЛШ.

Илија фала ти за сè

Иако е повреден и не е во комбинација за денешниот меч, сепак Абутовиќ допатува во Скопје каде ги мина најубавите години од кариерата. Освен овации, за ракометарот на Рајн Некар кој 7 години му беше верен на Вардар со кој освои европска титула, имаше и едно изненадување. Капитенот Столе му подари дрес на кој пишува: „Илија фала ти за се“.

Шест причини зошто Вардар гази и оваа сезона

Со заминувањето на најдобриот тренер во светот за 2017-та, незаменливиот Штербик и уште неколку ракометари од костурот на екипата, многумина беа спекптици за тоа како ќе тера Вардар во ЛШ. ЕХФ ги има одговорите за нивниот извонреден старт.

Ни нема рамни за цепелини

Кога се во прашање цепeлините, како еден вид најатрактивен погодок во ракометот, да не знае човек кај попрво да се сврти и да гледа. Мајстори се и Вардарци и нашите репрезентативци, а еве ги сега и Металурзите и тоа пазете од гол на гол, што е огромна реткост. Томовски го пронајде Токиќ, а голот е прогласен за најубав на мечот од СЕХА лигата кој тимот од Автокоманда го загуби од Загреб на Лино Червар.

Вози полека ако сакаш Столе да ти даде карта за Вардар

РК Вардар има маестрален старт со 3 од 3 во Лига на шампиони, а во сабота со почеток од 17:30 против Рајн Некар ќе го игра дербито на колото. Клубот во пресрет на големата ракометна битка се вклучи во акција со сообраќајната полиција. Кој ќе вози совесно ќе добие гратис карта директно од капитенот или Даинис Криштопанс.

Дибиров игра полетен како во најрана младост

Откако Вардар и натаму прави парче во Лигата на шампионите и откако завчера го совлада големиот фаворит на хартија, унгарски Веспрем, признание стигна и за одличниот Дибиров.

Салата на Вардар не му се посреќи на Металург

Ракометарите на Металург го забележаа и третиот пораз во третото коло од Лигата на шампионите, овој пат од словачкиот тим Татран Прешов, кој славеше со 24:29.

Безмилосниот Вардар го прегази Кристијанштад

По изненадувачкиот гостински триумф против актуелниот европски триумф Монпеље, ракометарите на Вардар славеа и во второто коло од новата сезона во ЛШ. За сега не се познава дека го нема Раул Гонзалес

Ракометарка на полувреме за време на породилно

Ирина Александру настапува за шпанската ракометна екипа Леида и е репрезентативка на Доминиканска република за која има 100 настапи. Додека нејзините колешки се освежуваа и земаа здив за време на паузата, таа ја извршуваше својата најслатка мајчинска обврска. Ова е фото на годината, не на денот.

Математиката за да обезбедиш преноси од ракометна ЛШ

И покрај тоа што Металург стана ракометен бренд низ годиниве и стигна до топ 8 во ЛШ со помош на Лино Червар, а Вардарци ја покорија Европа и го кренаа на нозе цело Скопје, македонската публика сезонава нема можност да ги гледа, барем не на македонски канал. Причините лежат во скапите тв права за наши услови.

Чувајте си ги парите за мексикански сапуници

Само тие што имаат Арена на кабловска, можеа да уживаат во мечот на кој Вардар го ишамара европскиот првак Монпење и тоа на гости во првото коло од новата сезона во ЛШ. Оперативниот менаџер на РК Вардар е револтиран што нашиот национален сервис нема да врши преноси сезонава и удри на Фејсбук по нив.

Металург не издржа 60 минути во Лисабон

По храбрата и борбена игра, како и фантастичните голмански интервенции, но сето ова само во првиот дел, ракометарите на Металург го загубија првиот натпревар сезонава во Лига на шампиони. Тимот од Автокоманда падна во второ полувреме.

Статус на Столе за сите што се сомневаа во Вардар

Без европските прваци Арпад Штербик, Илија Абутовиќ, Лука Циндриќ, Раул Гонзалес, Хорхе Македа, Давид Дејвис, Жоан Кањељас и Мијајло Марсениќ кои сезонава ги сменија клупските бои, како и повредените Стоилов и Горбок, Вардар во првото коло од новата сезона во ЛШ го тресна Монпеље на гости кој е бранител на титулата. Капитенот не можеше да помогне на паркетот, ама упати еден поздрав.

Прво па машко - Вардар го победи европскиот шампион Монпеље!

И покрај благиот песимизам меѓу навивачите во однос на изгледот на новиот Вардар, момците кои го носат „црвено-црниот“ дрес храбро се изборија за голема победа на стартот од Лигата на шампионите 24:27 (11:12)