РК Вардар петта сезона по ред во Лига на шампиони ја отвора сезоната со три големи победи во низа, а тоа им ја носи челната позиција во групата од каде секому му сеат страв.
Сезонава имаат гостински победи од огромно значење против бранителот на титулата, Монпеље и унгарскиот гигант Веспрем каде замина Арпад Штербик, како и домашен триумф против Кристијанштад.
На еден ден до средбата со Рајн Некар Левен, која е прогласена за натпревар на неделата, ЕХФ направи анализа со неколку причини за тоа зошто Вардар импресионира и оваа сезона.
ПАРОНДО И СПЕЦИЈАЛНАТА ШПАНСКА СОСТОЈКА
Се докажа дека шпанските тренери имаат уникатен стил, а последните неколку сезони открија дека тие со таен рецепт го однесоа Вардар до големи достигнувања. Роберто Гарсија Парондо имаше голема дупка за пополнување, откако си замина Раул и неколку играчи меѓутоа тој покажа дека со неговиот длабински тактички пристап има ефект, кога се во прашање подготовката на натпреварите и анализата на противникот, како и неговите слабости. Еден од главните аспекти во пристапот на Шпанците е дека тие обрнуваат многу внимание на тимската работа, не само во ракометот, туку во сите спортови. Шпанците знаат како да интегрираат играчи во тимот, а Парондо го направи токму тоа во многу краток период.
МИЉОСЛАВЛЕВ Е НОВАТА ЅВЕЗДА
Можеби уште не е Арпад Штербик, но младиот српски голман Дејан Милосављев не можеше ни да сонува подобар старт во Лига на шампиони. Товарот беше на негова страна уште од почетокот на сезоната, бидејќи треба да го замени еден од најеминентните голмани во историјата на ракометот, што изгледаше како невозможна мисија, но 22-годишниот Србин покажа стабилност и направи неколку спектакуларни одбрани, од кои профитираше тимот. Со досегашните настапи, Милосављев веќе стана нов омилен играч меѓу црвено црните фанови. Затоа не е изненадување што беше прогласен за најдобар играч во СЕХА лигата за месец септември.
ПОСТОЈАНО ПРИСУСТВО НА ТИМСКИ ДУХ И ПОКРАЈ МНОГУТЕ ЗАМИНУВАЊА
Еден од најтешките предизвици беше да се задржи кохезијата во тимот откако мораа да најда замени за неколку клучни играчи. Новиот тренер мораше да се справи со заминувањето на Арпад Штербик, Лука Циндриќ, Мијајло Марсениќ, Илија Абутовиќ, Жоан Кањелас и Хорхе Македа. Имајќи ги предвид овие промени, ростерот на Вардар е послаб отколку минатата сезона, но она што го демонстрира тимот на Парондо е потполно различно, благодарение на уникатниот тимски дух меѓу играчите и атмосферата во соблекувалната.
БРАЗИЛСКИОТ ЏИН МОРАЕС УСПЕШНО ГО ЗАМЕНУВА КАПИТЕНОТ СТОИЛОВ
На почетокот на сезоната, македонскиот шампион се соочи со двете повреди на Сергеј Горбок и Стојанче Стоилов. Додека Горбок ќе ја пропушти цела сезона, Стоилов ќе биде отсутен само во првиот дел. Овие повреди беа исто така една од причините кои го ставија Вардар меѓу фаворитите со поминат рок во ЛШ. Секако, ова му предизвика главоболки на Парондо, но за среќа бразилскиот пивот Мораес беше незапирлив од линијата за шест метри и во нападот и во одбраната, успешно покривајќи го отсуството на капитенот Стоилов.
ПОТЦЕНЕТИ ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ИГРАЧИТЕ ОД ВИСОК ПРОФИЛ
Лигата на шампионите го смести Вардар во A групата во друштво на големи имиња како Монпеље, Веспрем, Кјелце и Рајн Некар Левен. Со оглед на силната група, македонскиот шампион се соочи со доза на потценување од неговите противници, што му даде шанса да се претстави дури и подобро. Да, ова беше причината што Вардар го спушти на колена актуелниот европски првак и зошто победија против Веспрем и тоа за прв пат на гостински терен.
ИГРА БЕЗ ПРИТИСОК
Дополнителна причина за трите победи во три кола се намалените очекувања од домашните навивачи. Многу претпоставуваа дека Вардар почнува нова ера, дека ќе му биде тешко на подмладениот тим да блесне и да ги повтори достигнувањата од последните неколку сезони. Ова значеше и помал притисок за поранешниот освојувач на ЛШ, а ваквиот почеток на сезоната уште еднаш даде ветување дека Вардар цели високо, а неговите навивачи предупредуваат: Внимавајте, Вардар повторно маршира!