Кога по 6 минути ракометна игра ќе види човек резултат 6:0 за домаќинот на семафорот во Јане Сандански, тогаш јасно е дека Вардар се спрема да му нанесе некому дебакл.
Вардарци си поиграа со Кристијанштад во второто коло од ЛШ и без проблем го совладаа убедливо со 33:25.
Швеѓаните немаа шански против мотивираниот и поквалитетен противник кој со доминантна и моќна игра беше газда на терен од почеток до крај.
По оние воведни 6:0, избраниците на Парондо не застанаа и во 21 минута веќе успеаа да стигнат до двоцифрена предност од 15:5. На полувреме беше 19:10, а потоа во второто полувреме прашање на неизвесност беше само конечниот резултат со кој ќе биде поразен гостинот.
Водството на црвено црните во вториот дел варираше од +7 до +11, што значи дека немаше никаква неизвесност.
Најефикасен во таборот на Вардар беше Чупиќ со 7 голови, Борозан постгна 5, а Милосављев имаше 8 интервенции.
На 29 септември Вардар му гостува на Веспрем.