За првиот Германец кој ќе заигра во Јане Сандански

РК Вардар не планира да има епизодна улога сезонава во Лигата на шампионите. Тргна фуриозно со 4 од 4, а од шестото коло ќе нападне со уште посилна бековска линија. Купија двометраш од Бундеслигата.

Кристијан Дисингер е новиот член на Вардар и прв германцски ракометар кој ќе го засили европскиот првак. Се работи за лев бек кој ќе му даде можност на Парондо да прави ротации на таа позиција на која игра Вуко Борозан, кој нема помош од Сергеј Борок бидејќи е повреден.
 
Во бековската линија со Криштопанс, карпата од човек со 2 метри и 15 сантиметри, Вардар ќе биде уште повеќе на висина, бидејќи Дисингер е висок 203 сантиметри.
 
 
Тој доаѓа од бундеслигашот Кил за кој на 130 натпревари има постигнато 235 гола, а претходно има настапувано за екипите на ТСГ Фреиззенхајм (2008-2011), Кадетен (2011-2013), Нептуно (2013) и Либек (2015-2015).
 
За репрезентацијата на Германија дебитирал во 2013 година и оттогаш постигнал 42 гола на 19 средби. Со нив пред две години става европски првак, а истата 2016-та на Олимписките игри во Рио го освои бронзениот медал. На клупски план со Кил има титула во германскиот куп.
 
 
Свесен е од какви навивачи ќе добие поддршка
„По три години поминати во Кил, со сите подеми и падови, среќен сум што Вардар ми дава нова ракометна шанса. Кил има одлични фанови, но навивачите на Вардар се апсолутно број 1 во Европа. Јас навистина со нетрпение очекувам да ја запознаат ова земја, народот, културата, големите навивачи и целиот тим на Вардар. Ќе дадам сè за клубот и се надевам дека можам барем малку да придонесам во успешна сезона, изјави Дисингер.
Кристијан Дисингер ќе може да дебитира за Вардар на 16 октомври во Загреб во СЕХА лигата, а во ЛШ ќе има право на настап на 3-ти ноември против Мешков Брест, што значи ќе го рипне гостувањето против Кјелце.
 
На Инстаграм се јави и на македонски
 
Гол ала Тимур Дибиров

Компилација

12 октомври 2018 - 12:13