Нема второ чудо, силен е овој Ливерпул

Фудбалерите на Рома му запнаа на Ливерпул со отворен фудбал што ги чинеше негатива од 1:2 на полувреме, која успеаа да ја анулираат и да стигнат до триумф од 4:2, недоволен за виза во Киев. Доцна реагираа Италијанците, на 26 мај европскиот првак ќе ја брани титулата против незгодните момци на Клоп.

РОМА - ЛИВЕРПУЛ 4:2 (2:5 прв дуел)
Мане 9` Вијналдум 25` - Милнер 15` (автогол), Џеко 52`, Наинголан 86`, 94` (пенал)

0:1

1:1

1:2

2:2

3:2

4:2

2 мај 2018 - 22:38