Одбранбениот фудбалер на Јапонија Мај Јосида одговорил вака: „Во Јапонија викаат дека треба да го оставиш секое место почисто отколку што било пред тебе. Ние сме горди на тоа како медиумите и навивачите од целиот свет го следеа односот на нашите навивачи“.
Професорот по социјологија на Универзитетот во Осака, Скот Норф вели дека ова правило за чиста околина важи уште од рано детство: „Учениците секој ден собираат ѓубре во своите школи, чистењето е дел од учебниот процес кај нив“.
Кои се јапониските правила во врска со еколошката свест:
1. Тешко е да се поверува, но за време на пост-воената индустријализација отпадот бил сериозен проблем во Јапонија. Ѓубрето не било носено на време, а немале ни депонии.
Во средината на ’90-те години во Јапонија се донеле жестоки закони. Во 2001 година е основано министерство за животна средина и денес проблем со ѓубре и отпад веќе нема.
2. Велат дека секој кој доаѓа во Јапонија и ќе изнајми стан, должен е да го изучи гоми - гајд (гоми или ごみ на јапонски значи ѓубре).
На пример во градот Никихама списокот со правила за отпадот е напишан на 42 страници. Во една од брошурите за Токио пишува: „Прашања поврзани со ѓубрето лесно може да направат проблем со соседите. За да и вам и на целото општество му биде комфорно, важно е да се држите до локалните правила за собирање и фрлање на ѓубре“.
3. Прецизни дефиниции за локалноста се многу важни. Секој град има свои правила.
Секој отпад се дели на 4 категории: согорлив, несогорлив, преработувачки и крупногабаритен (ова е полесна верзија зошто може да има неколку пати повеќе категории). Во некои реони во Јапонија за секој вид на ѓубре треба да се има пакети од разни бои. Некаде пакетот треба да се потпише и со свое име и презиме.
Жителите имаат јасен ред кој ден смеат да оставаат на улица одреден тип на ѓубре. Ако го помешате денот и ставите друг отпад во различна канта, на вашиот пакет ќе залепат налепница со предупредување. Кој нема да ја исправи грешката плаќа казна и има проблеми со соседите.
4. Поради тоа што Јапонија не може да си дозволи да извезува или да закопува отпад, таа активно го пали и тоа по сите еколошки процедури:
Отпадот согорува на температура од 1.200 степени, така се елиминираат сите токсични супстанци и не се формира смола.
Добиениот пепел од отпадот се собира во брикети кои се истураат во темелите на фундаменталните зданија или вештачки острови. Еден од најпрестижните реони на Токио, островчето Одаиба во Токискиот залив е направен токму така.
5. На улиците на Токио многу тешко ќе најдете канти за отпад но тоа не треба да чуди затоа што Јапонците одамна се научени да фрлаат ѓубре таму каде што е дозволено (на пример сите видови на кутии за ѓубре пред продавниците).
Навиките ги негуваат поради високите казни - до 6.000 евра за незаконски фрлено ѓубре.
Бројот на кутии драстично е скратен после убиствениот напад на 20 март 1995 година кога терористи од неорелигиозната секта „Аум Синрике“ во метро со употреба на сарин убиле 12 луѓе а повеќе од 5.000 лица добиле тровање од различна тежина.
Правосудните органи и полицијата тогаш донеле одлука да се отстранат кантите за ѓубре од улиците затоа што се погодни за нови терористички напади и закани.
Преку сите овие начини Јапонците се навикнале толку многу на внатрешните правила што незамисливо е за нив да заминат од стадион а да не ги соберат пивските чаши или пластични садови од храна.
За нив тоа е норма и задолжителност, за нас шок.