Не е битно дали одат на Светско, Европско, клупско, репрезентативно или било какво првенство. Џам ја прават трибината, каде и да гостуваат и не си одат додека не ја исчистат од ѓубре.
На отворањето играа Катар и Еквадор. Многумина го напуштија стадионот, ама малкумина останаа за да си го запазат редот, а тоа се јапонските навивачи, кои каде и да одат се познати по своето педантно чистење на трибините.
Откако видовме како играчите на Јапонија ја светнале својата соблекувална после болниот пораз од Белгија во судиското продолжение, и како Јапонците на трибините го чистат шутот на трибините, ни останува прашањето: каква ли е таа свест на највисоко ниво?