Гаспаре Галасо стана хит и по оваа негова приказна службите за безбедност на стадионите треба да се подзамислат малку, јер нели стравуваат од тероризам на Европското првенство во Франција.
Младиот сицилијанец стана популарен и на италијанските медиуми им раскажа како го доживеал моментот да се биде дел од прослава заедно со европските прваци, но и повеќе од тоа.
„Си поиграв истовремено со редарите и со обезбедувањето на двете екипи. Бев толку убедлив што поверуваа дека сум дел од обезбедувањето на Реал Мадрид. Еден дечко облечен исто како мене дури и ми рече: Колега сакаш вода?. Некои дури помислија дека сум шеф на обезбедувањето на Реал Мадрид. Јас како падобранец на терен спречив еден навивач кој сакаше да се прекачи преку ограда у му се издрав: Да не си мрднал од тука. Поради мојот елегантен костум и беџот кој го носев морав целосно да влезам во улогата и успеав во тоа“.
„Откако поминав низ повеќе контроли успеав да влезам и во ВИП салата каде се наоѓаше Флорентино Перез и каде имаше многу обезбедување. Јадев и убаво суши и пиев шампањ, а на крајот од мечот се симнав на терен, направив неколку селфија и го кренав пехарот. Хамес Родригез ми рече да го земам пехарот, а јас потоа му го земав од раце на Варан. Адреналинот во тој момент ми беше до небо и се чувствував како газда на цел свет. Се сликав и со преубавата жена на Фиго. Повеќе сакав селфи со нејзе отколку со Рамос.
Средбите Реал – Атлетико и Наполи – Јувентус не се единствените на кој успеал да го измами обезбедувањето. Тој е специјалист за вакви дубари со искуство, а успеал да се протне и во Англија.
„Финалето во ЛШ ми беше јагодка на шлагот. Прв пат ми беше во Палермо. Носев официјална опрема од клубот и ги преварив дека сум дел од Примавера. Од тогаш сфатив дека можам лесно да влезам и на други стадиони. Најубави спомени имам од финалето на италијански Куп бидејќи влегов и во официјалниот албум со фотографии на Наполи. Бев и на финалето од Купот меѓу Интер и Палермо, каде обезбедувањето имаше слика од мене за да ме препознаат кога ќе влегувам, но и таму успеав. Бев и на Емирати во Лондон на мечот Арсенал – Наполи каде направив круг околу теренот. На крајот му побарав дрес на Инсиње, а Артета дојде и ми направи „да пукне“.
Играчи кои те разочарале?
„Малкумина се. меѓу нив би го издвоил Франческо Тоти. На Олимпико по дуелот Рома – Палермо му побарав дрес, а тој ме одби дрско. За среќа еден од стручниот штаб на клубот ми даде два дреса, едниот за мене, а другиот му го дадов на Ливерани. За мене тоа се трофеи кои потоа ги продавам за да си ги платам овие мисии“.
Кога ќе те видиме повторно на стадион?
„Ова го правам од забава, успевам да си ги остварам соништата и мислам дека не му правам лошо на никој. На тие што ме критикуваат би им одговорил дека не сум убил никого иако сум имал можност ако нели бев лош човек. Бев еден час до претседателот на Реал Мадрид. Кој е мојот сон? Некој да сними филм за моите авантури, кој знае можеби Де Лаурентис е заинтересиран. На ЕП 2016 не ме очекувајте, семејството ќе ме држи дома цело првенство. Но ќе се вратам брзо“.