Знае ли некој на колку стадиони во Македонија постои подтрибински простор со продавници или штандови на кои може да се купи точено пиво? Тешко прашање нели?
Ај да не ве мачиме и да преминеме на главната поента, односно слоганот кој вели вака:
„Фудбалот не треба да биде луксуз на фудбалски натпревар. Добредојдовте во Дортмунд“.
Се работи за специјален Happy Hour на „Сигнал Идуна Парк“ каде може да се купат 6 пива за 14 евра.
Акцијата во корист на навивачите на Борусија Дортмунд, кој дефинитивно е институција поголема од клуб со ваквите гестови.
Beer shouldn’t be a luxury at a football match…welcome to Dortmund 👋 https://t.co/NqxWc0KaOA
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) April 19, 2022
Навивачите можат да ги носат сите шест пива одеднаш со користење на Herrenhandtasche XL, што во превод значи машка чанта.
Откако фотографијата со шесте пива беше објавена на Твитер профилот Footy Bevs, кој споделува слики со пиво од фудбалски клубови ширум светот, стана хит, а Борусија Дортмунд покрај слоганот, имаше уште еден твит на темата:
„Ви здосади да плаќате 13 евра за едно пиво кое е целосно пена? Планирајте патување до најубавиот стадион на светот“.
Навивачите во Англија, од кои многумина се фрустрирани од цената на пивото на натпреварите во Премиер лигата, го испофалија бундеслигашот.
Трет навивач искоментира:
„Ова е причината зошто Бундеслигата е најдобрата лига во светот. Тие не ги зафркнуваат навивачите, а имаат и највисока просечна посетеност од која било лига“.
Четврт додаде:
„Одлично, ве молам зборувајте со англиската ФА, 6,95 фунти за половина литар Бадвајзер на Вембли“.
Инаку со овој Happy Hour, едно пиво на навивач на Борусија Дортмунд му излегува по нашки околу 140 денари, колку што почнале да го наплаќаат Скопското во еден познат паб во центарот на Скопје.
140 денари Скопско точено у Ајриш паб - уште едно место каде нема повеќе да стапнам.
— UFO hunter 🇲🇰 (@FilippoMkd) April 19, 2022