Македонските навивачи многу пријатно ги изненадија и ракометарите и сите оние кои од Македонија го следеа мечот со Чешка. Во Злин ечеше македонска песна и се виореа македонски знамиња. Нашите навивачи беа речиси побројни од домашните а голем удел во тоа има македонската дијаспора од Европа.