Краток хаос во Марибор предизвикан од турски и словенечки навивачи

По лежерната победа од 3-1 во Истанбул, Фенербахче и синоќа на реваншот во Словенија го совлада Марибор со 0-3 и со вкупен резултат 1-6 оди во плејофот за Лига Конференции. Мечот беше во прекин поради нереди на трибините.

Откако стана јасно дека Фенербахче добил неколку стотини карти за свои навивачи за мечот во Марибор, натпреварот го доби епитетот „меч од висиок ризик“.

На стадионот „Људски врт“ во Марибор, во 66' минута при водство на турскиот тим од 0-1, на трибините настанаа нереди и судијата го прекинал мечот.

Според некои навивачки форуми, наводно домашни навивачи облечени во редари им одзеле знаме на навивачите на Фенербахче кои не чекале ни минута и веднаш се спуштиле на тартан стазата во бој. Знамето било на една од најбројните групи навивачи на Фенербахче, оние од европската дијаспора. И самиот транспарпарент има натпис Европа:

Метежот брзо се префрлил на соседната трибина каде дошло до неколку тепачки. На крајот наводно турските навивачи успеале да си го вратат транспарентот назад. После прекинот, судијата го продолжил мечот.

 

Додека траел прекинот, тренерот на Фенербахче Исмаил Картал и фудбалерот Душан Тадиќ кој летово стигна од Ајакс, ги смирувале гостинските навивачи, свесни дека УЕФА под лупа го става секој и најмал екцес.

Фенербахче преку Полјакот Шимански зголеми на 0-2 во 77' минута а Душан Тадиќ во 79' минута ги поставил конечните 0-3.
 

18 август 2023 - 09:18