На крајот од сезоната во италијанскиот фудбал имаше неколку претумбации. Прво Сампдорија испадна од втора во трета лига, а навивачите на Џенова тоа го прославија бурно зошто ривалот испаднал во уште понизок ранг. Во меѓувреме второлигашот Бреша која требаше да игра бараж за опстанок во Серија Б банкротираше, па наместо неа во бараж влезе Сампдорија (позиција на табела под нив). Доријаните ја победија Салернитана 2:0 во првиот натпревар од баражот дома, а реваншот на гости беше прекинат поради нереди на трибините кога Сампдорија водеше 0:2 во 65' минута. А тифозите на Кавезе, големи ривали на Салернитана (од градчето Кава де Тирени, близу Салерно) прославија што омразените комшии испаѓаат кај нив во трета лига па ќе се „дружат“ следната сезона.