- И покрај тоа што изминатиот ноември на 18. средба на минстрите за надворешни работи на Русија, Кина и Индија, индискиот министер дал целосна поддршка на Кинезите за организација на Олимписките и Паралимписките Игри, во последен момент Индијците се откажаа од посета на Игрите.
- Причина за откажувањето на посета на индиска делегација на отворањето било сознанието дека еден од носителите на олимпискиот факел бил и полковник Џи Фабао, командир во армијата на Кина кој учествувал во страшниот вооружен судир меѓу двете земји на хималајската граница кај Галван кога загинале 20 Индијци и 4 Кинези. Кина подоцна го одликувала Џи Фабао со орден за херојско бранење на границата а постхумно биле одликувани и четворицата загинати кинески војници.
- Томас Бах, првиот човек на МОК (Меѓународниот Олимписки Комитет) на прашањето за полковник Џи Фабао и „политизираните“ Зимски Олимписки Игри рекол дека на Летните Олимписки Игри 2021 во Лондон и повредениот британски ветеран од војните во Авганистан бил еден од оние кои го носеле олимпискиот факел.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.