- Стартува најквалитетната ракометна лига во регионот. Червар, Лазаров, Ројевиќ или Чупиќ? Големи имиња, скапи ростери и сезона во која никој нема право на грешка.
- Македонија, од година во година е се поактуелна во ракометниот свет. Особено за ракометните „крвопијци“, кои секоја година ги гледаме во ложите во Охрид, Скопје или Битола. Луѓе кои знаат кој е играчот од странство, како создаден за нашите врвни екипи. Но, и луѓе од крв и месо, кои како и многу други кои напорно работат, знаат и да погрешат. Нормално, на сметка (банковна) на нашите клубови, кои трошат добар дел буџетски пари. Вака или онака.
- Македонија е вистинско ракометно ел дорадо. Барем според опаковката, во која е завиткан мак ракометот така изгледа. Внатре, во „кутијата“ ќе најдете се и сешто. Од најдобрите македонски ракометари, супер квалитетни странци, до ловци на уцени со македонски пасош и на крај, половична роба од надвор, која планира тука да го направи последниот крик и да собере уште некој динар, пишува Горан Ѓоргоноски.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.