За балкански фудбал, Стефан Ристовски има повеќе од одлични примања
6 мај 2026
- Босански „Фактор“ објави дека ФК Сараево во 2025 година остварил приходи од над 10 милиони евра, а таму настапуваат најплатените фудбалери во босанското првенство.
- Меѓу нив е и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, кој во последната година од договорот со Динамо Загреб заработувал околу 730.000 евра.
- Иако неговата актуелна плата во Сараево не е јавно објавена, се претпоставува дека станува збор за значителен шестцифрен износ на годишно ниво.