- Славниот Веселин Вујовиќ кој во блескавата кариера како играч има три златни медали со Југославија, на Олимписки игри, Светско првенство и Медитерански игри, во гостување за босанската Н1 зборува за Европското првенство во Германија, но ностагично отвара и една друга тема.
- „Замислете на ЕП да учествуваше Југославија? Знаете ли како би поминале Франција и Данска? Каква југословенска лига ќе беше тоа и каква земја. Ме допревте во болна тема за мене. Ја сум југоносталгичар и сите го знаат тоа.
- „Зошто Шпанец кој е роден во Баскија, Галиција, Каталонија итн., се чувствува исто, а јас кој сум роден во една држава, морам да го покажам пасошот кога одам во Хрватска, Босна, Македонија. Зошто ни се случи тва, само Господ знае. Се случи и не се повтори. Но јас чувствувам како дома, особено во Сараево, а логично и во Цетиње, Скопје, Љубљана и ги сакам сите драги луѓе“, вели Вујовиќ кој беше селектор на Југославија, Србија и Црна Гора, Македонија, Словенија и Иран.
- Еден од најдолготрајните тренери во Премиер лигата, Еди Хау кој од ноември 2021-ва го водеше Њукасл, заминува од „Сент Џејмсис Парк“. Хау е најзаслужен што црно-белите прво опстанаа во Премиер лигата а потоа ги водеше до два пласмани во Лига на шампиони и до првиот освоен трофеј на Њукасл после цели 56 години - Лига Купот во 2025.
- Заминува како резултат на презаситеност на двете страни и не баш сјајна мината сезона. Њукасл минатата сезона не беше константен во Премиер лигата, беше во долниот дел на табелата, го елиминираа од двата Купа а во Лига на шампиони испадна со вкупен резултат 8-2 од Барселона.
- Хау заминува и поради незадоволството од преодниот рок летово. Од екипата заминаа најдобрите и клучни играчи Антони Гордон (Барселона) и Сандро Тонали (Тотенхем).
- На место на Еди Хау доаѓа младиот 38-годишен германски тренер Матијас Јаисле кој беше тренер на австриски Ред Бул Салцбург, Лиферинг и Ал-Ахли.
- Врвниот француски плејмејкер Силвен Фрасиско пред само неколку недели премина од литвански Жалгирис во АСВЕЛ. Но во францускиот клуб и покрај силните најави за рекорден буџет и многу засилувања, очигледно нешто не е како што треба па играчите кои летово дојдоа сега би можеле да си одат.
- Еден веќе си отиде: и тоа најголемата ѕвезда Силвен Франсиско кој потпиша со Панатинаикос и му се приклучи на ѕвездениот состав на Жељко Обрадовиќ.
- Свесен дека нема ништо од „историскиот буџет од 53 милиони евра“ туку дека ќе имаат на располагање 24 милиони евра, Тони Паркер, првиот човек на АСВЕЛ решил само да го проследи Франсиско во Панатинаикос откако добил богата понуда од милијардерот Јанакопулос.
- „На почеток претседателот на АСВЕЛ Тони Паркер не беше спремен да се откаже од Франсиско, но на крајот ја прифати понудата на Панатинаикос, откако сопственикот на грчкиот клуб Димитрис Јанакопулос одлучи да му ја исполни најголемата желба на Жељко Обрадовиќ кој Французинот од почеток го гледаше како идеално решение за позицијата плејмејкер. Јанакопулос направи решителен потег и му понуди на АСВЕЛ милион евра за раскин на соработката со Франсиско. После неколку дена преговори Паркер прифати“, вели грчкиот портал СДНА.
- Панатинаикос направи страшен состав па така Жељко Обрадовиќ ќе ги има на располагање: Силван Франсиско, Костас Слукас, Џереми Грант, Кендрик Нан, Бранку Бадио, Најџел Хејс-Дејвис, Исак Бонга, Жерсон Јабуселе, Хуанчо Ернангомез, Костас Митоглу, Матијас Лесор и Мустафа Фол кој дојде од најголемиот ривал Олимпијакос.
- Од екипата заминаа: Мариус Григонис, Кенет Фарид, Ти-Џеј Шортс, Алескандрос Самодуров, Џеди Осман (отиде во лутиот ривал ПАОК) и Василис Толиопулос.