Фото: Epa images
- Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно ја пронајде својата стара форма и игра одличен фудбал во италијанска Серија А каде во јануари премина како позајмен играч во Торино од Ред Бул Лајпциг.
- Елмас е доведен на заем со право на откуп од 17 милиони евра а управата на Торино е се поблизу до одлуката да го откупи договорот на македонскиот фудбалер од германскиот клуб. Елиф не се наигра фудбал во Лајпциг, често беше на клупата за резерви а понекојпат ни таму.
- По враќањето во Серија А, некогашниот фудбалер на Работнички, Фенербахче и Наполи со кого освои шампионско скудето, постигна дури 4 гола од кои 3 на гостински терен.
- „Елмас постигна одличен гол, ќе се обидеме да го откупиме и ќе се обидеме да дадеме се од себе, но ќе видиме по крајот на првенството што ќе биде“, рекол претседателот на „биковите“, Урбано Каиро.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.