Во Тетово судиите ги гаѓале со парички, запалки и скалпел
3 март 2026
- Шкендија го совлада Пелистер со 2-1 во 20. коло од Првата лига. ФФМ соопшти дека во официјалниот судиски извештај од натпреварот евидентирани се повеќе сериозни безбедносни инциденти.
- „Во 57. минута од натпреварот, при прекин на играта поради вршење измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор, при што четвртиот судија бил погоден со паричка и запалка во пределот на раката.
- Во извештајот се наведува дека кон официјалните лица се фрлани опасни предмети. Гаѓани со скалпел, сериозна закана по безбедноста на службените лица и учесниците во натпреварот.
- Се поставува прашањето, што доколку судијата бил погоден од скалпел? Чија би била одговорноста во тој случај?“, стои во дел од соопштението на ФФМ.