Во Охрид почнува силен ракометен турнир, Вардар игра против грчки Олимпијакос
18 август 2026
- Денес со мечот РК Вардар 1961 - Олимпијакос од 16:30 часот, започнува јубилејното 5. издание на ракометниот турнир „Крсте Андоновски“. Ќе трае до 22-ри август. На турнирот ќе има 8 екипи поделени во две групи. Од Македонија се РК Охрид и РК Вардар 1961, а гости од странство се Војводина, Загреб, Египет У20, Нексе, Тимо Требње.
- Четири дена ќе се игра групна фаза, а петтиот ден е планиран за натпреварите за пласман. Победниците од групите ќе играат директно во финале.
- Натпреварите ќе бидат пренесувани на Арена Спорт ТВ.