Во Италија ќе биде драма за место во Лига на шампиони и Лига Европа
12 мај 2026
- Со некои неочекувани резултати во финишот на сезоната во италијанската Серија А ќе следи драма за место во еврокуповите.
- Од второ место (Наполи е втор со 70 бода) до шесто место (Комо е шести со 65 бода) дури 5 екипи ќе се борат за позиции кои водат во Лига на шампиони следната сезона.
- На две кола пред крајот Интер е и официјално шампион, Наполи е втор (70 бода), Јувентус трет (68 бода), Милан четврти (67 бода), Рома петта (67 бода), Комо шести (65 бода).
- Италија следната сезона во европските купови ќе има седум представници. Првите четири екипи ќе играат директно во Лига на шампиони, петтото место и освојувачот на Купот на Италија ќе играат во Лига Европа а шестопласираниот ќе игра во доигрување за Лига на Конференции.
- Во претпоследно коло: Комо - Парма, Џенова - Милан, Јувентус - Фиорентина, Пиза - Наполи, Рома - Лацио. Во последно коло: Наполи - Удинезе, Торино - Јувентус, Милан - Каљари, Верона - Рома, Кремонезе - Комо.