Во Франција нападнати фудбалери и спортскиот директор на Ница
2 декември 2025
- После шестиот пораз по ред во сите натпреварувања, откако изгубија 3-1 на гости кај Лориен, при враќање на екипата дома во неделата вечер околу 400 навивачи на Ница се собрале во клупската база.
- Пришле и го блокирале клупскиот автобус и ја нападнале екипата вербално и физички. Како што пишуваат француски Ici Azur, L'Equipe, RMC Sport и Foot Mercato најтешко поминале фудбалерите Жереми Бога, Терем Мофи како и спортскиот директор Флоријан Маурис кои биле клоцани и шамарани. Сите нападнати играчи како и директорот најавиле неодложно заминување од тимот зошто „црвените линии и границата биле преминати со овој безумен напад“.