- Најголеми кладби паднале во Лига на шампиони, Лига Европа и Лига на нации каде е детектиран обрт од 78 милијарди евра.
- На Европското првенство ова лето на кое за прв пат учествуваше и Македонија, свртени се 62 милијарди евра или во просек 1,2 милијарди на натпревар.
- Бројките се на компанијата „Спортрадар“, генерален партнер на УЕФА за спортското обложување.
- ФК Вардар денеска ја плати казната кон УЕФА во вредност од 250.000 евра.
- „Казната се однесува на неправилности, манипулации, фалсификати и незаконити дејствија направени од предходните сопственици, акционери и одбор на директори. Период пред летото 2024-та.
- Во сезоните 2021/22, 2022/23 и 2023/24 склучувани се незаконски двојни договори (пример: договорите со Блажевски и Глишиќ), исплаќани се пари од други сметки, недостасува сметководствена документација и дузина други неправилности наведени во образложението на казната од УЕФА“, стои во соопштението на клубот.
- Ракометарите на Вардар 1961 по четири години се враќаат во Лигата на шампионите на ЕХФ, а првиот натпревар во новата сезона ќе биде особено интересен. „Црвено-црните“ гостуваат кај Мелсунген во Касел, во натпреварот кој ќе се одигра во четврток од 20:45 часот (пренос Арена Спорт ТВ).
- Мелсунген, пак, за првпат во историјата ќе игра во елитното европско натпреварување, откако минатата сезона ја освои Европската лига и со тоа обезбеди место меѓу најдобрите.
- Интересно црвено-црните минатата сезона на два пати убедливо го совладаа Мелсунген кој подоцна го крена трофејот во Европската лига. Тогаш, според зборовите на тренерот Чупиќ Мелсунген имал неколку повредени ракометари и играл ослабнат а сега е голем фаворит како сила од Бундеслигата.