Влаховиќ го чека операција, ќе паузира најмалку до март?
3 декември 2025
- Центарфорот на Јувентус и на репрезентацијата на Србија Душан Влаховиќ го чека пауза од 3 до 5 месеци. После повредата на задна ложа на левата нога, Влаховиќ го чека операција а опоравувањето од ваков тип повреди и оперативни зафати обично е од три до пет месеци.
- Скај Спорт Италија пишува дека ако поранешниот фудбалер на Фиорентина и Партизан се реши за операција а не за алтернативни методи, би можел да пропушти 17 или 20 натпревари за Јувентус во сите турнири. Тој веќе го пропушти натпреварот со Удинезе (2:0) во Куп на Италија.
- На бјанконерите во напад им остануваат Џонатан Дејвид, Кенан Јилдиз и Лоис Опенда.