Вечерва втор пат во историјата жена ќе суди на Светско
18 јуни 2026
- Американката Тори Пенсо ќе биде главна судијка на натпреварот Чешка - Јужна Африка од 18 часот на стадионот во Атланта. Неа ќе и помагаат Американките Брук Мајо и Кетрин Незбит кои ќе бидат крај аут линиите.
- Прва жена која судеше натпревар во машки фудбал на Светско првенство беше познатата Французинка Стефани Фрапар која делеше правда ма средбата Германија - Костарика на Мундијалот 2022 во Катар.
- Пенсо почнала да суди на 14 години а на 18 години го следела развојниот Олимписки програм за судии во Алабама.
- 39-годишната Американка во септември 2020 станала прва жена судијка на натпревар од МЛС лигата во САД после цели 20 години. Од 2021-ва е со значка на ФИФА.