- Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 со пехар ја отвори домашната сезона и официјалните натпревари. Црвено-црните славеа над ГРК Охрид (32-31) во деветтото издание на Суперкупот на Македонија кој се одигра во Гевгелија и така дојде до петтото одличје во ова натпреварување.
- Чупиќ за првпат го победи Ројевиќ во новата сезона, по двата порази на подготвителните натпревари, или вкупно по три меча ако се земе предвид и последниот меѓусебен дуел од ланската сезона на Суперлигата. Дуелот на двата тима кандидати за врвот на домашната сцена беше вистинско уживање, а се реши во финишот.
- Кај стрелците најдобар кај Вардар беше Воркапиќ со 12 постигнати гола, пред Малус со вкупно седум гола, додека кај ГРК Охрид се истакнаа Ѓукиќ со шест, Лиапис со пет и Стрмљан со четири постигнати гола.
- 33-годишниот Златко Трипиќ кој е роден во Ријека но од '90-те години со неговите се преселил во Норвешка, целата своја кариера ја поминува во Скандинавија, со мали излети во Гројтер Фурт во Германија и Ѓезтепе во Турција.
- Тој е најзаслужен што Викинг влезе во Лига на шампиони затоа што даде гол против Динамо Загреб во плејофот за пласман во елитното друштво и ги исфрли „модрите“ со неколку асистенции во двата натпревари.
- Против Баерн Минхен синоќа намести два гола и го „намести“ Мајкл Олисе да добие црвен картон зошто Французинот испровоциран го удри со топка во лице откако веќе секунда претходно доби прв жолт картон.
- „Трипиќ играше како расипник! Сакаше да победи по секоја цена, наседнавме на неговите провокации и за жал го доби тоа што го сакаше. Дали клубот ќе го казни Олисе? Ќе видиме, ќе разговараме кога ќе се оладат главите“, вели Макс Еберл спортскиот директор на Баерн Минхен.
- А Хари Кејн за Трипиќ рекол „дека е лукав играч кој сака да се влечка по теренот и да троши време“.
- „Така кажал? Супер! И тој е неверојатен во сето тоа и знае колку лукавство е потребно. Успеавме да му влеземе под кожа на Олисе. Кога го исклучија повеќето играчи на Баерн почнаа да ми викаат и да ми пцујат се по список. После сè што се случи не се усудив да влезам во нивната соблекувална да побарам дрес. Сјајно е што таков играч кој еден ден сигурно ќе ја освои Златната топка, се нервира поради дечко од Офтебро и Лингдал“, вели Златко Трипиќ кој се гордее како ги навлекол и провоцирал Баварците.
- Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години, го совлада Косово на гости со 3:1 на контролен натпревар.
- Избраничките на селекторот Кирил Изов поведоа со голот на Меланија Грозданова во 5 минута, а на 3 минути пред крајот на првиот дел Олса Мачастена израмни на 1:1.
- На стартот од вториот дел Теона Галабовска и донесе предност на Македонија од 2:1, а конечните 3:1 ги постави Грозданова со погодокот во 89. минута од натпреварот.