- Македонскиот фудбалски првак Вардар има нов тренер, откако потпиша договор со црногорскиот стратег Миодраг „Гроф“ Божовиќ, екс-тренер на Црвена Звезда со која стана шампион. Црногорецот доаѓа на местото на Матија Мирков, кој како в.д тренер го водеше клубот по заминувањето на Аргентинецот Кристијан Фабијани.
- Божовиќ е поранешен црногорски фудбалер и еден од најпознатите тренери од регионот. Роден е на 22 јуни 1968 година во Мојковац, а зад себе има богата играчка и тренерска кариера. Како фудбалер настапуваше за Будуќност од Подгорица, Црвена звезда, индонезиската Пелита, кипарскиот АПОП, холандскиот РКЦ Валвајк, јапонската Ависпа Фукуока и Розендал, каде што на само 30 години ја заврши професионалната кариера и се посвети на тренерската работа.
- Како тренер ги водеше ОФК Београд, беше помошник тренер во јапонскиот Сапоро, беше главен тренер на Борец Чачак, Будуќност АЕП Пафос, Хајдук Београд и Обилиќ. Во 2008 година замина во Русија и таму стана еден од попрепознатлвиите тренери. Таму помина седум успешни години, ги водеше Амкар Перм, ФК Москва, Динамо Москва, Ростов и Локомотив Москва. Со Ростов го освои Купот на Русија во 2014 година, додека со Амкар и ФК Москва стигна до историско четврто место во руската Премиер лига.
- Во мај 2015 година седна на клупата на Црвена звезда. Иако не успеа да остави поголем белег во европските натпреварувања, Божовиќ ја предводеше екипата до убедлива шампионска титула во Србија во сезоната 2015/16, поставувајќи и рекорд од 24 последователни победи. Беше и остана миленик на навивачите на црвено-белите.
- 33-годишниот Златко Трипиќ кој е роден во Ријека но од '90-те години со неговите се преселил во Норвешка, целата своја кариера ја поминува во Скандинавија, со мали излети во Гројтер Фурт во Германија и Ѓезтепе во Турција.
- Тој е најзаслужен што Викинг влезе во Лига на шампиони затоа што даде гол против Динамо Загреб во плејофот за пласман во елитното друштво и ги исфрли „модрите“ со неколку асистенции во двата натпревари.
- Против Баерн Минхен синоќа намести два гола и го „намести“ Мајкл Олисе да добие црвен картон зошто Французинот испровоциран го удри со топка во лице откако веќе секунда претходно доби прв жолт картон.
- „Трипиќ играше како расипник! Сакаше да победи по секоја цена, наседнавме на неговите провокации и за жал го доби тоа што го сакаше. Дали клубот ќе го казни Олисе? Ќе видиме, ќе разговараме кога ќе се оладат главите“, вели Макс Еберл спортскиот директор на Баерн Минхен.
- А Хари Кејн за Трипиќ рекол „дека е лукав играч кој сака да се влечка по теренот и да троши време“.
- „Така кажал? Супер! И тој е неверојатен во сето тоа и знае колку лукавство е потребно. Успеавме да му влеземе под кожа на Олисе. Кога го исклучија повеќето играчи на Баерн почнаа да ми викаат и да ми пцујат се по список. После сè што се случи не се усудив да влезам во нивната соблекувална да побарам дрес. Сјајно е што таков играч кој еден ден сигурно ќе ја освои Златната топка, се нервира поради дечко од Офтебро и Лингдал“, вели Златко Трипиќ кој се гордее како ги навлекол и провоцирал Баварците.
- Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години, го совлада Косово на гости со 3:1 на контролен натпревар.
- Избраничките на селекторот Кирил Изов поведоа со голот на Меланија Грозданова во 5 минута, а на 3 минути пред крајот на првиот дел Олса Мачастена израмни на 1:1.
- На стартот од вториот дел Теона Галабовска и донесе предност на Македонија од 2:1, а конечните 3:1 ги постави Грозданова со погодокот во 89. минута од натпреварот.