Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер се избегнаа во полуфинале на Куп
25 март 2026
- Во седиштето на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денес беа извлечени двојките за полуфиналето од завршниот Куп на Македонија кој на средина од април ќе се игра во салата „Парк“ во Струмица.
- Како и лани, реприза на дуелите ќе има сезонава. Во полуфинале се извлечени паровите: Алкалоид - РК Вардар 1961 и Охрид Пелистер така што црвено-црните и зелено-белите се избегнаа во полуфиналето и ќе може евентуално да се судрат во битката за трофеј во финаелто.
- Полуфиналните средби се предвидени за 17-ти април а за 19-ти април е закажано големото финале за пехарот. Титулата ја брани Вардар 1961 по минатогодишниот освоен трофеј во Охрид.