Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

УЕФА ја наполни касата од парични казни, Хрватите „најголеми донатори“

2 јули 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Европската куќа на фудбалот (УЕФА) досега за време на Еуро2024 го наполнила својот буџет за плус 1,3 милиони евра само од парични казни од фудбалските федерации чии навивачи правеа хаос во Германија.
  • Вкупно УЕФА од казни собрала 1.293.645 евра од фудбалските федерации кои морале да платат поради изгреди на нивните навивачи.
  • Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) платил дури 220.875 евра за парични казни во УЕФА. Албанскиот морал дап лати 171.375 поради нередите и разните проблеми кои ги направија нивните навивачи во Германија. Српскиот фудбалски сојуз „е полесен“ за 166.625 евра, Турците платиле 95.125 евра (а уште се на Европското), Швајцарците изненадувачки поради навивачки нереди платиле 91.750 евра, Романците 84.250 евра, Унгарија 82.250 а Австрија 58.875.
извор

Алпинистот од Велес, Бобо Димовски го спасил српскиот алпинист кој се повреди во кањонот Демир Капија

23 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Во саботата околу пладне, српски рекреативен алпинист паднал при искачување на карпите над реката Вардар во кањонот кај Демир Капија. Тој бил дел од група од седум алпинисти од Србија, кои практикувале спортско качување по стрмните карпести гребени, кога се случила несреќата.
  • За драматичниот настан кажуваат и други српски туристи, кои вчера биле во кањонот на Вардар кај Демир Капија.
  • „Пријде група за искачување, исто така од Србија, и побара полесна рута. Им ги предложив насоките ‘Полжав‘ и ‘Тулумба‘, а потоа ги оставив. Јас со сопругата се искачувавме по друга насока. Тие се одлучија за ‘Полжав‘ и тргнаа во две групи од по три лица. По еден час слушнавме повици за помош. Се упативме кон нив, а пристигна и член на АК ‘Велес ин‘, планинарот Бобо, кој храбро се искачи до повредениот Цобе и го симна. Таму веќе беа припадниците на специјалната единица ‘Волци‘, кои започнаа постапка за негово пренесување преку Вардар. Повредениот имаше најмалку две тешки повреди, отворени скршеници на ногата“, вели српскиот турист очевидец.
  • Од карпите, каде што повредениот висел на јаже на височина од околу 20 метри, го спасувал и велешкиот алпинист Слободан Бобо Димовски, кој во тој момент исто така бил на искачување.
  • „Околу пладне слушнавме врисоци, лелеци и повици за помош. Веднаш се упатив кон местото од каде што доаѓаа повиците. Видов дека човек виси на јаже и дека има обилно крвавење. Се искачив до него и го симнав на земја. Побаравме помош од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и побаравме да биде испратен хеликоптер, бидејќи се наоѓавме од другата страна на Вардар и немаше можност повредениот да биде пренесен преку реката. Тој беше во тешка состојба. Имавме среќа што тој ден припадниците на армиската специјална единица ‘Волци‘ имаа тренинг во близина. Тие беа на истата, левата страна од реката, каде што не можеше да пристапи лекар. Припадниците на единицата пристигнаа, му укажаа прва помош и го имобилизираа. Потоа со јаже го префрлија преку реката, каде што го чекаше екипа на Итната медицинска помош“, вели Димовски.

 Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес:

  • „Според пријавеното, С. Ж., кој бил главен инструктор во планинарско-спортското друштво ‘Стена‘ од Белград, се искачувал заедно со уште шест алпинисти од Република Србија по веќе поставена алпинистичка насока. Притоа, тој посочил дека карпите се кршливи и лизгави. Во еден момент, при искачувањето, паднал од карпата, односно се откорнало парче од карпата. При падот, А. Т., кој го обезбедувал со јажето, успеал да го задржи на височина од околу 15 метри над земјата. Припадници на специјалната единица на Армијата, ‘Волци“‘ кои биле во близина и изведувале алпинистичка вежба, му укажале прва помош и го извлекле на безбедно и пристапно место“, рече Биљана Ѓаковска од СВР Велес.
  • Со возило на Итната медицинска помош од Неготино повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес, каде што било констатирано дека е тешко повреден.
извор

Верон: Нико Паз прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона

20 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
  • „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
  • „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
  • Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Записи од српската еуфорија

Балканштина
2

Напредни проблеми во бугарскиот јазик

Балканштина
3

Кај ти текнуваат такви работи?

Забава
4

(Само) Дино Мерлин би рекол: Шилегов, врати се!

5

Свињите ѝ обезбедија енергетска независност на Данска

Занимливости
6

Ако викендов ви е лош, тешете се со Илон Маск

Разно
7

Кога жените ќе стивнат

Македонштина
8

Палмер Лаки планира град-држава среде океан

Технологија
1

Почнаа славите

Фудбал
2

Голеада за паметење во Бергамо, Елмас стрелец

Фудбал
3

Меси удри играч со топка во глава

Фудбал
4

Гери Невил шамари си маваше во студио

Фудбал
5

Како Ливерпул го прегази кутриот Манчестер Јунајтед

Фудбал
6

Нова ѕверска партија на Виктор Вембанјама

Кошарка
7

Луд кош со сирената, цела сала на Њујорк Никс во делириум

Кошарка
8

Т'га за Манчестер Јунајтед

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Напредни проблеми во бугарскиот јазик

Македонштина

Некои протестираат против миграцијата, некој против војните...

Балканштина

Мали тајни на хрватските мајстори на заверите

Македонштина

Кога жените ќе стивнат

Балканштина

Вам ви гледале на кафе за овој проблем?

Балканштина

Маца за сообраќајот: Дај, дај, дај!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Вечна им слава на некодошите

Земјо, голтни ме

Што е тоа во човечкото бивање, што го тера на скитање

Најголем ризик за пандемија се виралните дезинформации

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy