- Првиот човек на Европската фудбалска унија (УЕФА), Словенецот Александар Чеферин му напишал отворено писмо на Фудбалскиот сојуз на Израел во кое изразува жалење од фудбалската заедница за изгубените животи по нападите од Хамас.
- Од саботата од кога започна воениот конфликт меѓу Хамас и израелските сили, досега загинале околуи 2.400 лица, пишува британски Индепендент.
- Чеферин во писмото до првиот човек на Израелската фудбалска федерација Шино Зуарес изразил „длабока тага за насилството врз невиниот народ на Израел“.
- Легендарниот фудбалер на Црвена звезда и Милан, повеќекратен европски шампион, Дејан Савиќевиќ кој е претседател на фудбалскиот сојуз на Црна Гора, се соочил со очекувана казна за прекршоците кои ги направил во сообраќај.
- Савиќевиќ во неделата во Херцег Нови возел брзо и одбил алко-тест кога полициска патрола го сопрела неговото возило. Сега судија за прекршоци му изрекол казна со одземање возачка дозвола на 4 месеци и парична казна од 1.000 евра.
- Концертот на озлогласениот хрватски пејач близок до усташката идеологија чии настапи претходните години беа забранувани во Германија, Швајцарија и Австрија, во саботата одржа масовен концерт на Хиподром во Загреб.
- Организаторите соопштија дела 504.000 присутни лица на концертот поставиле нов светски рекорд. На истиот присуствувал и познатиот трофеен голман Филип Ивиќ, хрватски репрезентативец. Поради ова неговиот клуб РК Војводина каде потпишал пре само три недели, му го раскинал договорот.