- Во разговор за Гардијан, некогашниот капитен на Рома и икона на италијанскиот фудбал раскажува како Реал Мадрид на времето му нудел 15 милиони евра годишно (Тоти во Рома заработувал околу 5,8 милиони евра годишна плата), но решил да остане во „Вечниот град“.
- Во тоа време Флорентино Перез правеше колекција на „галактикоси“ со најдобрите светски играчи, но Тоти го држела љубовта кон „волчицата“.
- Раскажа за посетата во затвор кога еден навивач на Рома му рекол: „Капитано, требаше да излезам пред една недела од затвор после три години, ама кога слушнав дека ти доаѓаш си реков: „Кога пак ќе имам шанса да се сликам со капитенот? Никогаш, никогаш дури и да живеам сто години...“ Седум дена повеќе во затвор само за да се слика со легендарниот капитен. Скапа слика. Многу скапа.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.