Топ не го бие Митревски, на 40 години потпиша нов договор за Пелистер
23 април 2026
- Никола Митревски се обврза на нов договор за Еурофарм Пелистер за сезоната 2026/27, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28, соопштуваат битолчани.
- Во октомври оваа година, тој ќе наполни 41 година и доколку реши да остане уште една сезона, тоа значи ќе брани и на 42.
- „Митревски е роден победник, дете на клубот, човек кој се изгради и како личност и како професионалец со преку две децении врвен ракомет. Освојуваше титули каде и да настапуваше, но задоволството е уште поголемо кога заеднички се радуваме на трофеи во Битола. Така ќе биде и во иднина“, стои во дел од соопштението на клубот.