- Градот Тетово во блиска иднина ќе добие супер модерен стадион од категорија IV според правилникот на УЕФА за стадиони.
- Според проектот, пишува Клан, а пренесува Гол.мк, новиот стадион би требало да има капацитет од 10.000 до 12.000 седишта, со најмодерни простори за екипите, за службените лица, за новинарите, ВИП места и нови ложи.
- „Клан Македонија“ пишува дека проектот ќе чини нешто над осум милиони евра а покрај главниот стадион ќе има и уште еден помошен со вештачка трева. Се планира и тренинг центар кај селото Сараќино, тетовско.
- Останува да се види дали покрај Шкендија, на новиот стадион ќе им се дозволи да играат и на македонските клубови во машка и женска конкуренција, Тетекс и Љуботен кои се матични клубови на овој стадион, а на кои неодамна не им беше дозволено да играат.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.