Тарик Биберовиќ им „забибери“ чорба на своите, Босанците гневни
28 ноември 2025
- Во морето квалификациски дуели за Светско првенство синоќа Турција ја совлада Босна и Херцеговина 93-71. Иако резултатот делува мошне убедлив, на терен БиХ се држеше до крајот на третиот период до кога резултатски парираше.
- 24-годишниот кошаркар на Фенербахче Тарик Биберовиќ кој е роден во Зеница и во Босна ги добива првите кошаркарски лекции, играше за БиХ на Европско првенство У-16. Во јуни 2018-та го сменил спортското државјанство и како кошаркар на Фенербахче решил да заигра за Турција.
- Синоќа токму Биберовиќ „им збибери“ на своите 20 поени и неколку погодоци бурно ги прославуваше, после што во БиХ беше прогласен за голем предавник на своите. Во разни коментари на друштвените мрежи Босанците го навредуваа и му порачуваа дека едвај чекаат „да го пречекаат“ на реваншот во Сараево.