- Трансферот на Лука Модриќ во Милан е завршена работа. Тоа го потврди Фабрицио Романо, но и спортскиот директор на Милан, Игли Таре.
- Милан и Модриќ постигнале договор, а хрватската легенда која во септември полни 40 години, порала тоа да биде официјализирано откако ќе ги заврши обврските со Реал Мадрид на Светското клупско првенство.
- „Разговарав со него лично и видов млад човек кој е многу заинтересиран да се натпреварува. Неговата посветеност е многу важна за тим на кој му се потребни лидери како него. Првото прашање што Лука ми го постави беше: „Дали ќе имаме тим изграден за освојување на титулата? Освои шест трофеи во ЛШ и сака веднаш да биде протагонист. Важно е што ќе пренесе во однос на менталитетот, лидерството и професионализмот. Фактот дека е навивач на Милан ја прави оваа приказна уште повозбудлива и би било одлично за него да има сезона како протагонист. На крајот од сезоната е Светското првенство.“, изјави Таре
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.