Талески најде нов клуб, ќе игра во Унгарија
27 јануари 2026
- Филип Талески (29) е нов член на Татабања. Унгарскиот тим е на третото место во унгарскиот шампионат со 22 бодови, зад водечките Веспрем (26) и Пик Сегед (25).
- Тимот предводен од Едмонд Тот сезонава настапува и во ЕХФ Европскиот куп, каде следниот месец ќе игра во осминафинале против Рунар Сандефјорд од Норвешка.
- Претходно на клупски план, Талески ги бранеше боите на Металург, Рајн-Некар Левен (Германија), Балинген (Германија), Вардар 1961 и Бенфика.