- Ви Јузе направи сензација откако стана светски првак во снукер. 22 годишниот Кинез во драматично финале го совлада двојно постариот Шон Марфи со 18:17 откако беше подобар во одлучувачкиот фрејм.
- До стартот на ова Светско, младиот Јизе немаше ниту една победа на најголемиот светски собир во овој спорт.
- Финалето на Светското првенство како ретко кога во минатото, беше вистинска „јаготка на шлагот“. Кога по 17 дена снукер, резултатот е 17 – 17, а на екранот се појавува податок дека до тој момент, до одлучувачкиот фрејм, активно се играло 10 часа… сфаќате дека времето е навистина релативна категорија.
- Но тој миг брзо минува бидејќи Шон Марфи и Ву Јизе продолжуваат тактички да се надмудруваат, притоа демонстрирајќи натчовечка способност да се носат со притисокот кој секој следен удар го носи.
- На рангирањето на УЕФА, Македонија е во група од седум земји кои моментално останаа само со еден претставник во Европа.
- Македонскиот фудбал на клупски план моментно е во ранг со земји како Лихтенштајн, Малта, Гибралтар, Црна Гора, Велс и Сан Марино.
- Вардар испадна од Рига, а Силекс од Динамо Минск во квалификациите за Конференциска лига. Само Шкендија уште е во игра на меѓународна сцена. В четврток во Скопје ќе играат реванш дуел против Браво од Словенија, кој има предност од 2:1 од првиот дуел.
- Легендарниот Роберто Манчини повторно ќе седне на селекторското столче на Италија откако денес се договорил со првиот човек на Фудбалската федерација на оваа земја, Џовани Малаго.
- Првично откако Паоло Малдини и Леонардо добија функции во италијанскиот фудбалски сојуз, овие двајца го сакаа Андреа Пирло за нов селектор. Претседателот на федерацијата Малаго категорично го одбил тој предлог после што двајцата после само 16 дена заминале од функцијата зошто „зборот не им вредел“.
- За нов технички директор е назначен Клаудио Раниери.
- Роберто Манчини за некој ден ќе биде претставен како нов селектор на Италија. Тој веќе ги водеше аѕурите и им донесе европска шампионска титула во 2021 во епското финале против Англија на „Вембли“. Тој беше тренер и на Лацио, Интер, Галатасарај и Зенит а ја водеше и селекцијата на Саудиска Арабија.